Во екот на сезоната на филмски награди, во петокот се одржа и годишниот настан на Американски филмски институт, кој за разлика од класичните церемонии, повторно беше организиран како приватен ручек во хотелот Four Seasons во Беверли Хилс. На настанот присуствуваа бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Итан Хок, Џорџ Клуни, Гвинет Палтроу, Тимоти Шаламе и Аријана Гранде.
Еден момент од овој настан, сепак, особено го привлече вниманието на јавноста. Актерот Џејкоб Елорди, ѕвезда на новиот филм Франкештајн, ги фотографираше Леонардо Ди Каприо, Гилермо дел Торо и Бенисио дел Торо, а во еден момент на шеговит начин им покажа среден прст пред камерата, што предизвика смеа кај славното трио.
Jacob Elordi jokingly flips off Leonardo DiCaprio, Guillermo del Toro and Benicio Del Toro. pic.twitter.com/gtCKaelBbC
— Variety (@Variety) January 9, 2026
Краткото видео брзо се прошири на социјалните мрежи, а обожавателите го поздравија спонтаниот и опуштен момент. „Обожавам вакви сцени“, „Ова е преслатко“, „Вака се забавуваат филмските ѕвезди“, се дел од коментарите под објавата.
Сите четворица се меѓу најфалените имиња во тековната наградна сезона, благодарение на филмовите „Frankenstein“ и „One Battle After Another“. Следниот голем настан што ги очекува е доделувањето на Златен глобус на 11 јануари, каде Ди Каприо е номиниран за главна машка улога, а Дел Торо за најдобар режисер, додека двата филма се во трка за најдобар филм.









































































































