Најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, наводно одлучил да не комуницира директно со своите родители, туку исклучиво преку адвокати, со цел да го заштити сопственото ментално здравје, пренесуваат извори блиски до семејството.
Според тие наводи, 26-годишниот Бруклин испратил адвокатско писмо до родителите во кое побарал да престанат да објавуваат негови фотографии и да го означуваат на социјалните мрежи. „Ова почна сериозно да влијае врз неговото ментално здравје. Одлуката ја донесе за да се заштити“, тврди извор запознаен со ситуацијата, пренесува Index.hr.
Иако писмото било испратено, тензиите наводно дополнително се зголемиле за време на божикните празници, кога Викторија Бекам лајкнала една негова фотографија, а таа и Дејвид споделиле и стара слика од Бруклин. По тоа, тој, според истите извори, ги блокирал своите родители на социјалните мрежи.
Дополнителен извор наведува дека Бруклин чувствува оти родителите сè уште го третираат како дете и дека сакал евентуалните обиди за помирување да се одвиваат приватно, а не јавно. Тој, наводно, им рекол на пријателите дека ваквиот пристап само ја влошува ситуацијата.
Во позадина на несогласувањата се споменуваат и шпекулации поврзани со неговата сопруга Никола Пелц, за која дел од јавноста тврди дека има големо влијание врз него – наводи што блиски извори ги опишуваат како неточни и штетни. Раздорoт станал поочигледен и кога Бруклин и Никола не се појавиле на прославата на 50-тиот роденден на Дејвид Бекам во мај минатата година.





