ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Нема да бидеме алиби за сценаријата на власта, техничката влада мора да постои

January 15, 2026 09:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на еден лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, на вчерашната дебата во емисијата „24 Анализа“, на ТВ 24.

Тренчевска посочи дека во државата се уште не постои зрелост за укинување на техничката влада, додавајќи дека не може селективно и по потреба да се одлучува дали техничката влада ќе опстои или ќе се укинува, односно да се каже дека за следните избори ќе постои, а за некои идни ќе се укине.

„Кога ќе дојде времето, ако покажеме демократски капацитет на институциите и зрелост, тогаш може повторно да седнеме и да разговараме и да разговараме дали ќе се укине. Институциите не се ниту демократски, ниту пак власта е демократски зрела за да можеме да ја укинеме техничката влада. Впрочем, тоа се виде и на локалните избори во 2025 година, каде што водовме каков притисок на локално ниво се изврши преку Министерство за внатрешни работи и преку Министерство за социјална политика, демографија и млади. И затоа уште кога се најави лидерската средба, рековме дека нема да бидеме присутни, што сега по одржувањето се покажа дека е правилна одлука“, рече Тренчевска.

Во дебатата, Тренчевска укажа дека е поразително што на лидерската средба, не се разговарало за суштинските прашања, како е реформската агенда, економската состојба и стандардот на граѓаните.

„Во јуни 2025 не се донесе ниту еден закон од реформската агенда. Декември 2025 се пролонгира рокот, не се донесе ниту еден од пакетот а особено во делот на владеењето на правото. Да, имаме единствено еден закон од тој пакет на 12 закони, Законот за судски совет, во кој што впрочем не се инкорпорирани ниту препораките, на Оценската мисија, ниту на Венецијанската комисија. Не слушнавме ниту една дискусија или заклучок од оваа лидерска средба за економската состојба на граѓаните. Имало барање од политичките лидери, меѓутоа во заклучоците, освен за техничката влада, ние немаме ништо друго како резултат од ова“, рече Тренчевска.

Притоа, Тренчевска предупреди дека власта единствено што прави со секоја политика е изолација на државата.

„Ако владата продолжи да поднесува закони од реформската агенда кои се спротивни на она што го бара Европската Унија, тоа значи дека ВМРО не сака државата да биде дел од ЕУ, туку да биде дел од некој друг сојуз што ќе работи исклучиво во интерес на партијата, а не на граѓаните“, рече Тренчевска.

Next Post
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Како Русија ја поддржува репресијата во Иран

EVN

НАЈНОВО

Трендафилов ги повика работниците на протест: Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив

March 11, 2026
Фото: Укринформ

Русија им помага на Иран со тактики за дронови од војната во Украина

March 11, 2026

Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

March 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Хејли Бибер за бракот со Џастин: Тој е мојот најголем извор на поддршка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Близнаците живеат во две реалности – умот што никогаш не мирува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Видео обраќање на Трамп: Не сакам да кажам дали новиот лидер на Иран има „мета на грбот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk