ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Македонските ракометари го завршија настапот на ЕП

January 21, 2026 10:45
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако вчера во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир.

Во увертира на последниот натпревар од групата Б, македонските ракометари претходно синоќа ја совладаа Романија со 24:23 и за пласман во следната рунда се надеваа на победата на Данска од најмалку 18 голови разлика.

Сепак, посакуваното сценарио уште од самиот почеток на дуелот меѓу Данска и Португалија се покажа како нереално.

Португалија го отвори натпреварот со водство од 3:1 и до крајот на полувремето ја лимитираше Данска на само 11 голови.

Актуелниот светски и олимписки првак помогнат од 15.000 гледачи во Хернинг на стартот од второто полувреме го презеде водството, поведувајќи со највисоки 19:17, но Португалците се вратија со серија од 7-2 и на крајот извојуваа сензационална победа со која пренесоа два бода во следната рунда, како првопласирани во групата Б, пред Данска.

Македонската ракометари го завршија настапот на Европското првенство како третопласирана во групата Б, со една победа (Романија 24-23), едно реми (Португалија 29-29) и пораз од Данска (36-24).

Вечерашниот триумф над Романците, обезбеден со голот на Никола Костески во последната секунда, на македонската репрезентација ѝ обезбеди статус на носител во баражот за пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Германија.

Tags: ДанскаЕПМакедонијаПортугалијаракомет
Next Post

СДСМ: Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите?

Најново

Блејк Лајвли и Џастин Балдони постигнаа спогодба, заврши судската битка за „It Ends With Us“

May 4, 2026

МВР предупредува: Лажни СМС пораки за сообраќајни казни

May 4, 2026

Звукот на привикнувањето

May 4, 2026

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk