„ОНЕ Македонија“ на унгарски „Фор-ај-џи“ којашто денеска доби лиценца за трет мобилен оператор во државава од Агенцијата за електронски комуникации најавува новини на пазарот на кој, според раководството, има амбиции да заземе сериозен удел.
Првенствено ќе стартува со мрежите на постојните оператори, додека да изгради сопствена. Со изградба на 5G stand alone мрежа според АЕК треба да понуди новини што досегашните мрежи не ги поддржуваат.
Се очекува и работа за младите телекомуникациски инженери и за домашни компании кои ќе склучат договори за соработка.





