ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

(ВИДЕО) Конгрес на СДСМ: Филипче ја обвини власта за „предавство на националните интереси“

January 24, 2026 13:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одржувањето на 31. Конгрес на СДСМ на 24 јануари 2026 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се случува во исклучително сложен момент, како за земјата, така и за партијата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во својот настап даде отчет за работата, но и категорична одбрана на партијата. Тој ја  дефинира партијата како „имунолошки систем“ на државата. Неговиот настап сигнализира дека раководството, наспроти внатрепартиските превирања, се обидува да се фокусира кон заканата од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

На конгресот беше забележано и присуството на поранешните лидери и премиери Зоран Заев и Владо Бучковски, што меѓу присутните беше протолкувано како знак за поддршка напорите за консолидација и обединување. Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, не се најдоа меѓу 740-те делегати, кои во изминатиот период се „прославија“ со напади на актуелното раководство на партијата.

Во својот говор, Филипче директно ги посочи опонентите како „Тројански коњи“ на ВМРО-ДПМНЕ и поединци водени од суета или уцени, но фокусот на неговото излагање беше насочен кон политичката ориентација на партијата, потенцирајќи ја улогата на СДСМ како клучен двигател на демократските вредности и евроинтеграцискиот процес на државата.

Филипче го постави концептот на „заедничкиот дом“ како централен мотив. Тој истакна дека партијата ја прифаќа историската обврска да се бори за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија.

Тој остро го критикуваше отсуството на план кај власта, посочувајќи дека првиот човек на актуелната влада, Христијан Мицкоски, беше пет дена во Давос, но дека таму правел селфиња по ходници.

„Додека државата пука по сите шавови, Мицкоски тера скап туризам, платен со народни пари. Македонија е во дипломатска изолација. Европскиот пат е блокиран, а тие немаат план“, рече Филипче и додаде дека „вакво дипломатско лудило и конфузија не се оправдува. Ова е предавство на националните интереси“.

Филипче, сепак, призна дека власта има план.

„Нивниот единствен план е да нѐ држат во калта на Балканот, за да може да владеат без правила, без европски судови, без контрола“, рече тој, посочувајќи дека Мицкоски е подизведувач на „проекти“ и „кеш“ што ги одобруваат неговите „газди“ Вучиќ и Орбан.

Филипче навести дека СДСМ излегува на терен за да ги победи деструктивните политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Д. Е.

Next Post
Фото: ФБ профил на Мицкоски

Филипче: Мицкоски беше турист во Давос, Македонија никогаш поизолирана

Shortcut

Најново

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk