Едно лице е критично повредено откако било застрелано во утринските часови по локално време во јужна Аризона, САД, во инцидент во кој учествувале припадници на американската гранична полиција, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Пима, пренесува NBC News.
Пукањето се случило околу 7:30 часот наутро, во близина на 15-тата милја на West Arivaca Road, во рурална област јужно од градот Тусон.
Лицето, чиј идентитет засега не е објавен, било пренесено во болница во критична состојба, а транспортот го извршила противпожарната служба Santa Rita.
JUST IN: Police responding to a shooting involving U.S. Border Patrol in Arivaca, Pima County, Arizona. https://t.co/CNDUKHJZ3J pic.twitter.com/C7Zpyy96xN
— Resist Times (World) (@ResistWireWorld) January 27, 2026
Од надлежните служби засега нема информации дали во инцидентот е повреден некој од редовите на граничната полиција или други безбедносни сили.
Министерството за внатрешна безбедност на САД не одговорило веднаш на барањата на медиумите за коментар.
На местото на настанот, екипи на противпожарната служба Santa Rita и итната медицинска служба American Medical Response му пружиле прва медицинска помош на повредениот. Потоа, како што е наведено во официјалното соопштение, грижата за пациентот била преземена од медицинска хеликоптерска служба, која го префрлила во регионален центар за трауматологија, пренесува АП.
„Инцидентот и натаму е предмет на активна истрага од надлежните полициски агенции“, соопшти противпожарната служба.
Во истрагата учествуваат Канцеларијата на шерифот на округот Пима и ФБИ, при што и Федералното биро за истраги засега нема дадено официјален коментар.
Инцидентот во Аризона доаѓа во период на засилени тензии во САД, по неколку случаи во кои лица беа убиени во интервенции на федерални имиграциски служби. Во Минеполис, во рок од неколку недели, беа убиени две лица во инциденти поврзани со агенти на ICE, што предизвика протести и силни политички реакции.
Прочитајте и…
Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис





