Актерката Сидни Свини се најде во центарот на контроверзии откако беше снимена како се искачува на познатиот холивудски знак во Лос Анџелес, каде што закачила градници како дел од промоција на својата нова линија на долна облека.
Според видео објавено од TMZ, Свини заедно со продукциски тим се искачила на буквите од знакот и поставила неколку градници, а во еден момент дури била растегната и импровизирана „жичка“ со долна облека низ буквите, додека екипата го снимала настанот.
Иако продукцијата добила дозвола од FilmLA за снимање во областа, од Hollywood Chamber of Commerce потврдиле дека не била издадена дозвола за допирање или искачување на самиот знак, кој е заштитен историски објект.
„Не е дадена никаква дозвола за ваква активност, што е задолжително согласно правилата“, соопштија од Комората за американските медиуми.
Според информациите, ваквиот чин може да резултира со обвиненија за неовластено навлегување или оштетување на јавен имот, иако засега нема официјална потврда за правни чекори. Американските медиуми наведуваат дека е побарана реакција и од полицијата во Лос Анџелес, како и од претставниците на актерката.
Акцијата, според извори блиски до продукцијата, била дел од кампања за новата линија долна облека на Свини, проект што таа го развива повеќе од една година. Брендот, според претходни извештаи, е финансиски поддржан од милијардерот Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез.
Свини, позната по улогата на Кеси Хауард во серијата Euphoria, последните години се профилира и како претприемачка, паралелно со актерската кариера. Нејзиниот најнов маркетиншки потег, сепак, предизвика реакции кај дел од локалната заедница, која го смета холивудскиот знак за симбол што не смее да се користи за комерцијални акции без строга контрола.
Во моментов се очекува став од надлежните институции за тоа дали ќе следуваат санкции.





