Тројца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на Скопје, Куманово и Битола, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштува МВР, на 26 јануари 2026 година околу 17:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А. (60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К. (59) од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Истиот ден околу 19:25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Народна Револуција“ во Куманово, патничко возило „Даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (23) од Куманово, удрило во пешакот С.К. (67) од Куманово. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.
Во СВР Битола, пак, на 26 јануари 2026 година во 17:48 часот било пријавено дека на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот С.Д. (76) од Битола, по што возачот го напуштил местото на настанот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.





