ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ССМ објави притисоци врз работници, најавени блокади и генерален штрајк за плати и достоинство

January 31, 2026 17:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на прес-конференција во Работничкиот дом на ССМ, по масовниот работнички протест одржан на 28 јануари под мотото „28 јануари е денот кога работниците зборуваат!“, соопшти дека синдикатот нема да отстапи од барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, најавувајќи блокади и можен генерален штрајк.

На почетокот од обраќањето, Трендафилов им честиташе на илјадниците работници кои излегоа на улица и, како што рече, „без страв и молк побараа достоинствен живот“.

„Дозволете ми најпрво да им честитам на храброста на оние илјадници работници кои пред два дена излегоа на улица да кажат дека не се живее веќе со мизерните плати, дека минималната плата мора да се зголеми на најмалку 600 евра и дека останатите плати мора да го следат ваквиот раст и да се зголемат за најмалку 6.000 денари“, изјави Трендафилов.

Објавени информации за притисоци, закани и уцени

Како што најави уште на денот на протестот, претседателот на ССМ на прес-конференцијата ги изнесе информациите за, како што рече, системски притисоци, закани и уцени врз работници со цел тие да не учествуваат на протестот.

„Денеска ги споделуваме сите информации за постоечките притисоци, закани и уцени кон работниците само за да бидат спречени да излезат на улица. И покрај тоа, огромен број од нив се охрабрија и излегоа“, рече Трендафилов.

Тој посочи дека по завршувањето на протестот во Македонска пошта, каде голем број работници протестирале поради доцнење на платите, биле забележани дополнителни притисоци врз вработените.

„Во Македонска пошта, според информациите од колегите, се врши терор врз вработените само затоа што се охрабрија и излегоа на улица. Станува збор за работници од кои 70 проценти земаат минимална плата“, изјави претседателот на ССМ.

Наводи за закани во Тутунски комбинат Прилеп

Трендафилов се осврна и на информации кои, според него, пристигнале до ССМ од Тутунски комбинат Прилеп, каде, како што наведе, втор извршен директор им се заканувал на работниците.

„Одеше по луѓето, ги повикуваше, им забрануваше да одат на протест во Скопје и им се закануваше дека доколку не потпишат пристапници во партиски синдикат и не излезат од ССМ, ќе се соочат со откази, намалување на платата и разместување на работните места“, рече Трендафилов.

Тој додаде дека ССМ располага и со информации за други институции кои се обиделе да го минираат протестот, а нивните имиња ќе бидат соопштени откако ќе се обезбедат официјални потврди.

Остра критика до КСС и „партиските синдикати“

Претседателот на ССМ упати сериозна критика до Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), оценувајќи дека таа застанала на страната на функционерите, а не на работниците.

„Ако навистина платите се зголемени за 20 проценти, тогаш тоа нека им го кажат на работниците. Ако не, тогаш тие не се слободни, туку заробени синдикати“, изјави Трендафилов.

Тој реагираше и на јавни настапи во кои, како што рече, биле оправдувани ниските плати на функционерите, наместо да се зборува за работничките примања.

Реакција на ставовите на Владата

Трендафилов се осврна и на изјавите на претставници на Владата, кои, според него, протестот го претставувале како политички мотивиран.

„Ако тие сметаат дека сиромашните работници му штетат на угледот на Владата, тогаш нека погледнат во очи на луѓето кои тешко преживуваат“, рече тој.

Во контекст на најавите за зголемување на платите во иднина, Трендафилов порача дека ССМ бара решенија веднаш, а не во наредните години.

„Протестираме за 600 евра минимална плата денес, не за 2028 година“, истакна тој.

Следуваат блокади и можен генерален штрајк

Одговарајќи на новинарски прашања, Трендафилов најави дека наредната недела ќе започнат блокади, а како прв чекор ќе бидат опфатени пратениците.

„Пратениците најверојатно ќе бидат првите кои ќе ги блокираме, затоа што цела година ги држат законите во фиока“, рече тој.

Во однос на генерален штрајк, претседателот на ССМ истакна дека синдикатот има законско право да донесе таква одлука.

„Одлуката за генерален штрајк ќе ги заштити сите работници кои тој ден нема да ги извршуваат своите работни обврски. Синдикатите и Законот ги штитат работниците“, изјави Трендафилов.

На крајот од прес-конференцијата, тој порача дека борбата допрва започнува.

„Работниците не бараат луксуз. Бараат леб и достоинствен живот. Ова е само почеток“, заклучи претседателот на ССМ.

Ј. Ѓ.

Tags: блокадипритисоципротестработнички праваССМТрендафиловштрајк
Next Post
Охрид. Фото: Фронтлајн

Комисијата за култура на СДСМ: Љутков лаже и бега од одговорност за уништувањето на Охрид

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk