ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хоџиќ: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

February 1, 2026 11:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) оцени дека државата се наоѓа во длабока општествена криза и порача дека е неопходна демократска мобилизација за враќање на европскиот курс на земјата.

Овие пораки беа упатени на трибината „Предизвиците на Северна Македонија во 2026 година“, што СДА Македонија ја организираше вчера во хотелот „Best Western Hotel Turist“, на која се обрати претседателот на партијата, Џелал Хоџиќ.

Хоџиќ истакна дека блокираните евроинтеграции, авторитарните тенденции на власта, лошата економска состојба и големите задолжувања во милијарди евра, како и негативното влијание на, како што рече, „српскиот свет“, ја довеле државата во сериозна општествена криза.

„Со својата неодговорна политика, власта ја внесе Северна Македонија во општествена криза, во услови на блокиран европски пат, економска несигурност и растечка изолација“, рече Хоџиќ.

Според него, надворешната политика на Владата ја изолира земјата од демократскиот свет и се води во координација со авторитарните режими на унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои ги оцени како „прокси-играчи на Путин во Европската унија и на Западен Балкан“.

Хоџиќ нагласи дека актуелната власт покажала отсуство на политичка волја за уставни измени и за продолжување на европскиот пат, како и недостиг на капацитет за спроведување суштински реформи што би го подобриле животниот стандард на граѓаните.

Во обраќањето беше критикувано и игнорирањето на иницијативите за законски измени со кои, како што наведуваат од СДА Македонија, би им престанале функциите на политичарите што се наоѓаат на „црните листи“ на САД, ЕУ и Обединетото Кралство, како и забраната за учество на бизнисмени од истите листи и нивните компании на јавни тендери.

„Владејачкото мнозинство ја игнорира потребата од вакви законски измени, иако негативните последици од неодговорното владеење веќе ги чувствуваат граѓаните“, порача Хоџиќ, додавајќи дека последиците во наредниот период може да бидат уште посериозни.

СДА Македонија најави дека во наредниот период ќе започне теренска кампања со наслов „Време е за демократска акција!“, која ќе вклучува редовни средби со граѓаните низ државата.

„Целта е заедно со граѓаните отворено да зборуваме за проблемите што власта ги игнорира и заеднички да ги бараме најдобрите решенија“, истакна Хоџиќ.

Од партијата упатија и повик до сите демократски и проевропски актери во општеството да започнат сериозен дијалог за последиците од изолацијата на државата и да ги обединат напорите, без разлика на етничката припадност или моменталната политичка позиција, со цел Северна Македонија повторно да се врати на европскиот пат.

Next Post

(ВИДЕО) Финале за историја: Алкараз го победи Ѓоковиќ во Мелбурн

Shortcut

Најново

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk