ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„На точак“: Без транспарентност и на сметка на пешаците – критики за најавената реконструкција на Цветан Димов во Чаир

February 4, 2026 12:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
ул. Цветан Димов, Чаир. Фото: На точак - Критична Маса 12, 24.04.2013

ул. Цветан Димов, Чаир. Фото: На точак - Критична Маса 12, 24.04.2013

Share on FacebookShare on Twitter

Реконструкцијата на улицата Цветан Димов во Чаир, која денеска е прва точка на дневен ред на Советот на Град Скопје, се најавува без јасно презентиран проект и со значително зголемена цена – вкупно околу 150 милиони денари, односно речиси 2,5 милиони евра, реагираат од инцијативата „На точак“. Единствената позната информација е дека се планира проширување на коловозот со по една дополнителна лента во секоја насока, истакнуваат од На точак.

Тие укажува дека вистинскиот проблем на оваа улица не е недостигот од коловозни ленти, туку нефункционалноста на постојните. Десните ленти во двете насоки со години се узурпирани од паркирани возила, поради што во пракса улицата функционира со само една проодна лента по насока. Според нив, истиот ефект би се постигнал и без скапа реконструкција – со доследно регулирање на паркирањето.

Дополнителен проблем се тротоарите, кои се често блокирани од нелегално паркирани возила и проширени комерцијални објекти. Пешаците и велосипедистите, според „На точак“, се целосно маргинализирани, а најавеното проширување на коловозот и стеснување на тротоарите би ја влошило и онака лошата состојба на јавниот простор.

Особено загрижувачко, според иницијативата, е можноста за сечење на старите платани кои го дефинираат идентитетот и микроклимата на улицата. Тие предупредуваат дека ваквата интервенција е спротивна на современите политики за справување со климатските промени и топлотните острови и бараат сериозен обид дрвјата да се вклопат во идното решение, наместо нивно масовно отстранување.

„На точак“ бара целосна транспарентност и јавно објавување на проектот, со реални димензии и можност за вклучување на стручната и граѓанската јавност. Тие инсистираат идните улични решенија во Скопје да им дадат приоритет на пешаците, велосипедистите, јавниот превоз и зеленилото, а не на проширување на автомобилскиот сообраќај, предупредувајќи дека ако проблемот е паркирањето – тогаш токму тоа треба да се решава, без уништување на постоечките вредности.

Во продолжение интегралниот текст од иницијативата „На точак“:

„Во моментов почнува седницата на Совет на Град Скопје во која прва точка е реконструкција на ул. Цветан Димов во Чаир.

Во моментов се што се знае за оваа реконструкција е дека со неа ќе се прошири коловозот за + 2 коловозни ленти (по една во насока) и дека ќе чини +10 милиони денари повеќе од планот во 2023 (вкупно 150 милиони или скоро 2.5 милиони евра).

Оваа делница е позната по паркираните коли на најдесните коловозни ленти, по дебелите сенкни кои ги прават платаните (можеби стогодишни дрвја) и малите продавнички и пекари кои ѝ даваат живост на населбата, но и нелегално заземаат голем дел од јавниот простор.

Сега да ја согледаме реалната ситуација:

Ние во моментов немаме 2 функционални ленти во насока на Цветан Димов. Имаме една зашто во десната лента во двете насоки се паркираат возила.

Дали треба да исечеме повеќедецениски дрвја, да вложиме милиони, да се копа со години, за да добиеме на хартија 3 ленти во насока, а во пракса 2 проодни ленти за возила?

А сме можеле само да ги тргнеме паркираните возила и тоа да го добиеме.

Во моментов имаме заглавени тротоари со нелегално паркирани возила, цели отворени продавници на тротоари. Нема достоинство ни како пешак , ни како велосипедист. Зошто никој од градската и општинската администрација не зборува и не се залага за решавање на овој проблем? Ова е суштинскиот проблем со Цветан Димов. Се води како булевар, а на него се дозволило да се развијат нелегално куп градби за трговија кои бараат директен пристап. Како ќе му пристапите на овој проблем? Зашто ако не го адресирате, со проширувањето на коловозот и стеснување на тротоарите, само ќе ја влошите ситуацијата на терен.

Највредното обележје, суштината и духот на Цветан Димов се јаворите(платаните). Создаваат прекрасен амбиент и сенка, токму поради кои тој простор е толку жив и посакуван.

Во која стратегија за озеленување, за справување со топлотни острови на градот, за справување со климатски промени сечењето на толку стари дрвја е пропишано како мерка?

Единствено смеат да се сечат ако станува збор за загрозување на безбедноста, но и тоа треба да се направи плански и етапно, година за година по неколку дрвја, не наеднаш да се претвори улицата во пустина.

За почеток, мора да се направи обид да се вклопат во идното решение. И тој обид да се презентира.

Да ги повториме веќе многупати кажаните барања за гарантирање некаква минимална транспарентност и современи стандарди.

Проектот мора да биде објавен, како што објавуваат градовите кон кои се стремиме Како жител на Скопје потешко е да дојдеш до информација за проект за улица во Скопје, отколку за улица во Ротердам или Даблин.

Сведоци сме дека политичарите користат рендери откако проектите веќе ќе се одобрат и ќе се почне со градење. Што е проблемот со рендерите? Во нив лажно се преставуваат димензии. Жардињерче пример од 1 метар, а во него ставени високи дрвја – нереално. Ставени велосипедски патеки од двете страни, а во проектот ги нема. Итн.

Сакаме вистински проект, со вистински коти, вистинска аргументација и можност за вклучување на граѓанската и експертската јавност

Убедени сме дека подобро решение за Цветан Димов е можно, но секако не е зад затворени врати.

Проектот за оваа и секоја следна улица во Скопје мора да даде приоритет на пешачки, велосипедски сообраќај, јавен превоз и зеленило, а дури потоа на автомобилски ленти. На автомобилскиот сообраќај спореден со сите останати елементи не смее да му припадне повеќе од 50 % на улицата, ако сакаме воопшто да зборуваме за одржливост.

Автомобилските ленти не смаат да бидат пошироки од 3 метри, за да одговараат на брзината од 50 km/h. Веќе системот Безбеден град воведува ред во однос на брзината, па зошто да трошиме екстра простор и ресурси за ленти широки 3.5 метри кои одговараат на 90 km/h, кога никој ниту треба, ниту ќе вози толку?

А што правиме со автобуски ленти и најавената линија за БРТ низ овој дел од градот?

Да сумираме

Ако во моментов немаме 2 функционални ленти во насока на Цветан Димов ту,ку една зашто во десната лента во двете насоки се паркираат возила дали треба да исечеме повеќедецениски (можеби столетни) дрвја, да вложиме милиони, да се копа со години, за да добиеме на хартија 3 ленти во насока, а во пракса 2 проодни ленти за возила?

А сме можеле само да ги тргнеме паркираните возила и тоа да го добиеме.

Ако на улицата ѝ е проблем блокирањето, решето го паркирањето, не измислувајте други проблеми и не уништувајте вредност“, истакнуваат од На точак.

Tags: На ТочакЦветан ДимовЧаир
Next Post
Фото: Фејсбук профил на Х. Мицкоски

Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk