ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ бара 80% намалување на функционерските плати, Мицкоски го обвинува раководството за партизација

February 4, 2026 13:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поднесе законска иницијатива со која предлага функционерските плати да се намалат за 80 отсто, преку промена на начинот на нивна пресметка и намалување на постојните коефициенти.

Според предлогот на ССМ, основицата за пресметување на платите на пратениците и другите избрани и именувани лица треба да биде минималната плата во државата, според податоците на Државниот завод за статистика. Дополнително, коефициентите утврдени во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и функционерите се предлага да се намалат за 40 проценти, што во пракса, како што наведуваат од ССМ, значи вкупно намалување од 80 проценти на функционерските плати.

„За да бидат граѓаните на Македонија еднакви пред националните закони, како и пред меѓународните акти и принципи, потребно е појдовната основа за градење на платите на сите работници и граѓани да биде еднаква“, наведува ССМ во соопштението, додавајќи дека таа основа треба да биде минималната плата.

Од ССМ потенцираат дека нивната иницијатива се темели на уставните принципи на еднаквост, недискриминација и правна сигурност, како и на меѓународните трудови стандарди, Европската социјална повелба и Универзалната декларација за човековите права. „Анализите на Владата и на работодавачите покажаа дека минималната плата е доволна за задоволување на елементарните потреби на граѓаните, па оттука инсистираме на еднаков третман на сите плати во државата“, се наведува во соопштението.

Синдикатот потсетува и дека во 2023 година, заедно со Владата, бил потпишан Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кој платите на вработените требало да се градат врз основа на просечната плата, по моделот на тогашното законско решение за функционерските плати. „Владата, како потписник на договорот, спротивно на законот и без оправдани причини, не го почитува Општиот колективен договор и не ги уреди платите на вработените, а дополнително бара и укинување на ова право на работниците“, обвинува ССМ.

Слободан Трендафилов: Пратениците веднаш да гласаат за иницијативата на ССМ

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ги повика сите 120 пратеници во Собранието веднаш да гласаат за иницијативата поднесена од ССМ, оценувајќи дека со одложувањето на одлуката директно им се испраќа порака на работниците дека „добро се живее со минимална плата“.

„120 пратеници веднаш да гласаат за иницијативата, затоа што им кажуваат на работниците дека добро се живее на минималец и го чуваат во фиока предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари“, порача Трендафилов.

Тој посочи дека одолговлекувањето со синдикалните предлози е спротивно на реалната состојба со животниот стандард на работниците и дека институциите треба да преземат одговорност, наместо да ја префрлаат на другите.

„Договорете се со работниците за вашите плати, исто како што им кажувате на работниците да се договорат со газдите“, истакна претседателот на ССМ.

Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува дел од раководството на Сојузот на синдикатите да излезе, како што рече, „од партиската прегратка“ и да се постигне договор со Владата во интерес на административните службеници.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со синдикатот УПОЗ и очекувањата од разговорите, Мицкоски посочи дека договорот е неопходен за вработените во јавната администрација кои сè уште немаат колективен договор.

„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.

Тој додаде дека со евентуалното постигнување договор, Владата како работодавач ќе ги заокружи односите со сите вработени за кои е директен или индиректен работодавач до истекот на мандатот, во 2028 година.

„Со ова Владата ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, со сите оние на чии работодавач директно или индиректно е Владата“, рече Мицкоски.

Мицкоски не се осврна на иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати.

Ј. Ѓ.

Tags: Мицкоскинамалувањеплати за функционериССМТрендафилов
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Стерилизирана владина програма за 2026: судството нереформирано, европската агенда блокирана

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk