ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВР: Запленети над 40 тони марихуана; СДСМ прашува – кој дозволи пет тони дрога да поминат преку македонската граница?

February 7, 2026 19:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи информира дека е во тек опсежна полициска акција во која досега се запленети над 40 тони марихуана и поголема количина полупроизводи од канабис.

Како што соопштуваат од МВР, во правно лице во Скопје се пронајдени и одземени околу девет тони марихуана и над 1.300 шишиња произведено масло од канабис, додека од правни лица во источниот регион се одземени повеќе од 31 тон марихуана и биомаса.

Акцијата се спроведува во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на оваа дејност при Министерството за здравство, а биле извршени контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија со примена во фармацијата.

Паралелно, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, се преземаат мерки за утврдување дали неодамна запленетата марихуана во Република Србија потекнува од Северна Македонија.

Од МВР посочуваат дека едно од осомничените и приведени лица во Србија е дел од сопственичката структура на правното лице од Скопје, поради што биле извршени детални проверки на затекнатата количина и целокупната документација во објектот. Врз основа на анализата на документацијата, Комисијата при Министерството за здравство констатирала низа неправилности и значителна неусогласеност меѓу количините што правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува.

По доставено известување од надлежен јавен обвинител, од просториите на правното лице била подигната целокупната пронајдена количина марихуана. Слични неправилности биле утврдени и кај неколку правни лица во источниот регион, по што е одземена и таму затекнатата количина.

Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека, во координација со ОЈО ГОКК, каде што е формиран посебен тим за овој и слични предмети, акцијата продолжува и во наредниот период со цел целосно расчистување на случаите.

МВР најавува дека по завршување на акцијата и по целосно утврдување на сите факти, јавноста ќе биде детално информирана.

СДСМ: Кој дозволи пет тони дрога да поминат преку македонската граница?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека Министерството за внатрешни работи, и покрај најавата за заплена на над 40 тони марихуана и полупроизводи од канабис во земјава, не одговорило на, како што наведуваат, клучното прашање – кој дозволил околу пет тони дрога да ја напуштат државата и да поминат преку македонската граница.

Од СДСМ оценуваат дека МВР води медиумска кампања за дефокус на јавноста, без да даде конкретни одговори за одговорноста на институциите. Според партијата, за транспорт на толкава количина дрога се потребни повеќе камиони, што, како што велат, отвора сериозни сомнежи за системски пропусти во контролата.

„Како е можно толку многу камиони да поминат преку граница, а досега никој да не сноси одговорност во МВР, Царинската управа или во која било друга институција?“, прашуваат од СДСМ.

Партијата наведува дека без поддршка или барем премолчено одобрување од структури високо во власта, во МВР, Царината и други институции, не е можно да се шверцуваат тони дрога преку државната граница. Според нив, одговорност мора да има кај сите нивоа – од раководни лица и началници, до инспектори и министри.

Од СДСМ бараат Министерството за внатрешни работи да престане, како што велат, да бега од одговорност и јавно да соопшти кој дозволил пет тони дрога да се шверцуваат преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.

 

Next Post

Кога ништо не е важно

EVN

НАЈНОВО

Егзопланета со океанска површина и транзит пред ѕвезда, со спектрален ефект што симболизира анализа на атмосферата.

Биосигнатури: Како научниците бараат живот на планети што никогаш нема да ги посетиме

March 8, 2026

ГЕОПОЛИТИКА: Реториката на „завршувањето на војните“

March 8, 2026
Фото: Скриншот

Експлозија пред американската амбасада во Осло – оштетен влезот, нема повредени

March 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    Русија му дава разузнавачки информации на Иран за позициите на американските сили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 март

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Овенот секогаш оди прв – и зошто тоа го чини многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Бикот не попушта – тајната сила на тивката издржливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk