ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски не би се изненадил ако се дојде и до 100 тони запленета марихуана, СДСМ бара одговор за 5 тони што поминале граница

February 10, 2026 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави:

„Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја водам денешната седница, ќе ја води потпретседателот Димовски. Но, очекувам ваков тип на одлуки да бидат донесени и во деновите коишто следат да се проверат сите оние компании коишто добиле на некаков начин лиценца за да ја вршат оваа дејност.“

Мицкоски во однос на запленетата дрога, истакна дека не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана.

„Па неколку десетици тони, не би се изненадил ако дојдеме и до сто тони на запленета марихуана.“

На прашањето кој министер бил во тоа време којшто овозможувал олеснување на тие правила за добивање на овој тип на лиценци Мицкоски рече

„Па јасно е кој бил, мислам можете да претпоставите дека во одреден период министер таму е и Венко Филипче. Но, лиценците се една работа, а втора работа е што е донесен Правилник којшто е ниво под Законот, односно е подзаконски акт со којшто се дозволува практично да се произведува цвет од канабис којшто не ги задоволува ГМП нормите. И тоа биле свесни дека тоа ќе се случи. И ако не ги задоволува тие норми, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото коешто се произведува не може да биде лиценцирано и да се најде во продажба, односно да биде пуштено во промет. Тоа било многу јасно и на тие коишто го носеле тој Правилник. Сега вистинското прашање е, кој бил мотивот да се донесе таков Правилник ако вие знаете дека не можете да го постигнете квалитетот за да произведете масло коешто ќе се продава на пазарот и коешто ќе ги исполнува нормите. И тука треба да се направи една озбилна истрага, но ова е само почеток. Ова е само почеток, од тоа што го имаме како индиции, но и од тоа коешто Министерството за внатрешни работи го врши во истрагата, одредени телефони, одредени разговори и така натаму и друг тип на докази, работата ќе биде многу, многу поголема.“

СДСМ, од друга страна, сè уште бара одговор од власта – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница

СДСМ соопшти дека повеќе од една недела нема одговори за, како што наведуваат, најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на пет тони дрога во Србија, за која се тврди дека потекнува од Македонија.

Од партијата прашуваат како е можно толкава количина дрога, транспортирана во неколку камиони, да ја помине македонската граница без да биде откриена и кој ќе понесе одговорност за тоа.

„Фактите упатуваат дека без поддршка од структури во власта, во Министерство за внатрешни работи, Царината и други институции, ваква масовна шверцерска операција е невозможна“, се наведува во соопштението.

СДСМ посочува дека, според неофицијални информации објавени во српските медиуми, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од DEA, што, како што оценуваат, е причината за молкот и паниката во врвот на власта.

Од партијата тврдат дека станува збор за скандал од огромни размери кој, според нив, го оголува длабокиот криминал во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

СДСМ бара итна, независна и транспарентна истрага која ќе утврди кој е вмешан и кој дозволил пет тони дрога да поминат преку македонската граница, кои институционални структури ја овозможиле операцијата и дали лицето по име Симе, кое јавноста го виде на фотографии со Мицкоски, е дел од оваа мрежа.

„Сите што се вмешани, без разлика на функцијата, мора да одговараат и ќе одговараат“, порачуваат од СДСМ.

Tags: марихуанаМицкоскиСДСМ
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Транспаренси Интернешнл: Нема напредок во борбата против корупцијата во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk