ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Движење Беса го распушти Централното собрание за да се спои во еден субјект со ВЛЕН

February 12, 2026 22:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Централното собрание на Движење Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на ова партиско тело со цел во иднина партијата да биде дел од процесот почнат за спојување на повеќе политички партии во партијата ВЛЕН како еден политички субјект. Оваа одлука ја донесе Централното собрание вечерва по час и половина заседавање во партиското седиште во Тетово.

– Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН. Во оваа прилика Собранието го овласти мене како претседател да продолжам да со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка за спојувањето во еден субјект со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот на волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци, истакна Биљал Касами, претседател на Движење Беса.

На состанокот на собранието била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата, рече Касами. Тој пренесе дека членовите на собранието ја поддржале неговата изјава дека Движење Беса има капацитет за многу повеќе работа, отколку што е сработено досега.

– Анализата на работата на функционерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата. Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средства за наша најдобра и ефикасна служба на сите граѓани, особено Албанците и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип, истакна Касами.

На новинарско прашање дали тој ќе биде претседател на новата заедничка партија во рамки на коалицијата ВЛЕН, Касами со одговор дека има неколку опции на дискусија.

– Не би сакал да кажам да или не. Сигурно дека доколку заеднички процениме дека јас би требало да преземам некоја обврска, јас сум подготвен, посочи Касами.

Прашан за коментар на изјавата на Мицкоски дека тој е носител на мандатот за составување Влада, Касами рече дека се свесни за тоа.

– Но сè додека е политичка Влада во која учествуваа Беса, како дел од ВЛЕН, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна, како дел од идната влада, посочи Касами.

Тој додаде дека има одлука да се оцени работата на сите функционери вклучително и на Фатмир Лимани.

Пред седницата, Лимани, за кој дел од медиумите известуваа дека е во конфликт со лидерот Биљал Касами, одговори на новинарско прашање кој ќе одлучува за него дали ќе биде министер, премиерот Христијан Мицкоски или Касами.

-Работата која сум ја извршил за овие 16/17 месеци, вработувањата и ред други работи и проекти кои се направени во полза на народот и нашата држава, тоа ќе одлучува, истакна Лимани.

Тој  рече дека е потребна разумност и дејствија кои нема да создаваат простор за враќање назад.

-Не се осмелуваме да ја нарушиме структурата на ВЛЕН, бидејќи тоа би значело враќање назад. Не треба да создаваме простор за други структури да станат дел од Владата, рече Лимани.

Лимани, исто така, испрати порака  дека не треба да го гледаат него како поединец во овој процес, туку дека постои поголема политичка застапеност.

 

Tags: БесаДЛЕНКасами
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис - 13 февруари 2026

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk