ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДА Македонија го осуди однесувањето на Вучиќ кон Шекеринска и побара реакција од државниот врв

February 16, 2026 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Цивил Медиа

Фото: Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) го осуди однесувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, оценувајќи дека станува збор за „примитивен однос“, се наведува во соопштението на партијата.

Реакцијата доаѓа по изјавите на Вучиќ на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година, во кои тој ја критикуваше Шекеринска.

„Сметаме за важно да му се укаже на Александар Вучиќ дека нема морално право било кого да обвинува за сецесија. Посебно не лажно, без аргументи и со извртување на тези да обвинува заменик-генерален секретар на НАТО, во случајот Радмила Шекеринска“, наведуваат од СДА Македонија.

Од партијата оценуваат дека ваквиот однос не е само личен, туку има поширока политичка димензија.

„Примитивниот однос на претседателот на Србија кон заменик-генералниот секретар на НАТО не може да се смета за личен однос. Тоа е однос на претседателот на Србија кон НАТО, но и негов однос кон позицијата на државата од каде што доаѓа заменик-генералниот секретар, во случајот Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

СДА Македонија го критикуваше и, како што наведуваат, „молкот“ на државниот врв во Северна Македонија.

„Запрепастувачки е молкот на претседателката на државата, Гордана Силјановска – Давкова, како и молкот на Владата на Северна Македонија. Сметаме дека претседателката и претседателот на Владата треба да упатат реакција до претседателот на Србија со осуда за неговиот некоректен однос“, стои во реакцијата.

Во соопштението, партијата изразува поддршка за членството на Северна Македонија во НАТО и ја истакнува позицијата на Шекеринска во Алијансата.

„Мнозинството граѓани на Република Северна Македонија се горди што нашата држава е дел од НАТО, кој претставува најголем безбедносен, демократски и економски сојуз во светот. Горди сме и што заменик-генерален секретар на НАТО доаѓа од Република Северна Македонија“, наведуваат од СДА Македонија.

Поврзано:

Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

Next Post

Филипче: Власта сака контрола над Универзитетите

Shortcut

Најново

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk