ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

February 15, 2026 15:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја критикуваше заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оценувајќи дека „многу работи што ги кажа немаат многу смисла“, пренесе РТС.

Вучиќ реагираше на изјавите на Шекеринска дека Хрватска и Албанија се сигурни и посветени сојузници на НАТО и дека нивната воена соработка има за цел да придонесе за регионалната стабилност.

„Можете да чуете многу работи од Шекеринска што немаат многу смисла. За жал, зборуваше и за други работи што навистина немаат многу смисла“, изјави Вучиќ, додавајќи дека, според него, таа сакала да ја критикува Република Српска кога изразила загриженост за сецесионистичките изјави и одлуки во регионот.

Тој нагласи дека оние кои зборуваат за состојбите на Балканот треба да покажат поголемо почитување кон Србите и да бидат внимателни во своите изјави.

Шекеринска, во интервју за агенцијата Бета, изјави дека Хрватска и Албанија се сигурни членки на Алијансата кои активно придонесуваат за зачувување на регионалната стабилност и дека НАТО не е вклучен во разговорите за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб.

„Она што генерално го гледаме е дека глобалната геополитичка ситуација има влијание и врз регионот. Забележливо е зголемување на бројот на воени вежби и инвестиции во одбраната и безбедноста. Но, секогаш ги охрабруваме сојузниците и партнерите да се вклучат во политички дијалог и во решавање на отворените прашања во регионот“, изјави Шекеринска.

Таа додаде дека Албанија и Хрватска не се само сигурни членки на НАТО, туку и значајни актери во одржувањето на мирот, посочувајќи дека двете земји учествуваат во мисијата КФОР и активно придонесуваат за стабилизацијата на регионот.

Изјавите доаѓаат во контекст на реакциите од Србија, откако Вучиќ во повеќе наврати оцени дека евентуалното здружување на силите меѓу Албанија, Хрватска и Приштина претставува закана за неговата земја.

Во меѓувреме, СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.

„Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат, овој пат негова цел беше Радмила Шекеринска“, соопштија од СДСМ, додавајќи дека ваквиот пристап претставува обид за дискредитација на висока меѓународна претставничка.

Од партијата посочуваат дека Вучиќ „малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, оценувајќи дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.

Според СДСМ, ваквиот речник не претставува само личен напад, туку е дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.

„Таквиот однос кон жените не е само личен манир, туку претставува системски проблем во политичките кругови, каде жените на високи позиции често се таргетираат врз основа на нивниот пол, со што се девалвираат нивните професионални достигнувања и придонеси“, наведуваат од СДСМ.

Партијата оцени дека ваквите изјави придонесуваат за создавање токсична политичка атмосфера и ја поткопуваат родовата рамноправност.

„Ова понижување на жените е облик на мизогинија што ја поткопува родовата рамноправност и придонесува за токсична политичка клима во регионот“, се додава во реакцијата.

СДСМ изрази целосна поддршка за Шекеринска, нагласувајќи дека таа нема никаква врска со обвинувањата што ѝ се припишуваат и дека нејзиниот политички ангажман е насочен кон стабилност и дијалог.

„СДСМ недвосмислено ја поддржува Радмила Шекеринска, која нема никаква врска со обвинувањата за сецесионизам и која секогаш се залагала за дијалог и стабилност на Западен Балкан. Нејзината улога во НАТО е доказ за силата и компетентноста на жените во меѓународната политика“, наведуваат од партијата.

Во реакцијата, СДСМ нагласува и дека како политичка партија останува посветена на принципите на родова рамноправност и поддршка на жените во јавниот и политичкиот живот.

„СДСМ е длабоко посветен на рамноправноста на жените и активно работи на промоција на родовата еднаквост во сите сфери на општеството, преку политики, програми и законски решенија што ја зајакнуваат нивната позиција“, соопштија од партијата.

Од СДСМ додаваат дека останува прашањето дали ваквите изјави се резултат на личен однос или дел од поширока политичка стратегија, потсетувајќи и на претходните тензии меѓу српските власти и НАТО во врска со безбедносните прашања во регионот.

Ј. Ѓ.

Tags: Александар ВучиќРадмила Шекеринска
Next Post
Фото: Скриншот

Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk