ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Од дигитализација кон интелигентна администрација: нов „policy brief“ на И-ХИ

February 21, 2026 07:30
in TECH FRONT, ZOOM IN, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

И-ХИ Тинк Тенк објави нов policy brief со наслов „Управување со брзината на промените“, кој нуди анализа и препораки за внимателно воведување на хумано-центрична вештачка интелигенција во јавната администрација на Северна Македонија.

„Вештачката интелигенција не е магија ниту закана — таа е алатка. Прашањето не е дали ќе ја користиме, туку дали ќе ја управуваме мудро. Ако ја воведеме со принципот human in the loop, можеме да изградиме побрза, пофер и поефикасна администрација. Ако не, ризикуваме да заостанеме структурно“, вели Валентин Нешовски од И-ХИ Тинк Тенк.

„Истражувањата за овој полиси бриф ги правевме во Јануари, и во овој технолошки бум сите мора да реагираат брзо но внимателно, затоа што промените и напредокот на оваа многу трансформативна технологија, се случуваат од ден на ден“, вели тој.

Документот нуди системска анализа и патоказ како земјата може постепено да воведе вештачка интелигенција со цел подобрување на услугите, зголемување на продуктивноста и поефикасно користење на јавните ресурси.

Во време кога државите ширум светот ја интегрираат технологијата во управувањето, policy brief-от укажува дека и Северна Македонија може внимателно да пристапи кон оваа трансформација преку постепени чекори и јасни правила.

Анализата предлага воведувањето да започне со внимателно избрани пилот-проекти со низок ризик, каде ефектите може брзо да се измерaт и контролираат. Како најсоодветни први чекори се наведуваат AI асистенти за комуникација со граѓани, автоматска обработка на документи и формулари, системи за класификација на барања, како и аналитички алатки за поддршка при креирање политики.

„Добро дизајнираната употреба на вештачка интелигенција може да ја направи администрацијата поефикасна и поодговорна, но само ако секоја клучна одлука остане под човечка контрола.“, вели Нешовски.

Валентин Нешовски

Овие решенија не подразбираат автоматизирано донесување одлуки, туку служат како поддршка за јавните службеници, со што се задржува принципот на човечка контрола — клучниот концепт human in the loop.

Policy brief-от нагласува дека токму овој пристап е важен за градење доверба, бидејќи секоја значајна одлука останува под надзор на човек, додека технологијата помага во анализа на податоци и рутински административни задачи.

Документот исто така ги разгледува потенцијалните ризици, како пристрасност во алгоритмите, прашања поврзани со приватноста и сајбер безбедноста, како и зависност од технолошки добавувачи. Како мерки се предлагаат јасни стандарди за управување со податоци, тестирање пред имплементација и усогласување со европските регулативи, вклучително и EU AI Act.

Во економски аспект, анализата проценува дека иницијалните инвестиции за пилот-фази би изнесувале неколку милиони евра на национално ниво, со постепено проширување во зависност од резултатите. Долгорочно, технологијата може да придонесе за значително намалување на административниот товар и зголемена ефикасност на институциите.

Според И-ХИ, модерната администрација сè повеќе се потпира на способноста да анализира податоци и да реагира побрзо на потребите на граѓаните, а внимателното користење на вештачката интелигенција може да биде важен чекор во таа насока.

Документот заклучува дека пристапот треба да биде постепен, транспарентен и ориентиран кон јавното добро, со јасна улога на човекот во процесите на одлучување.

Линк до целиот целиот полиси бриеф.

10те препораки на И-ХИ, накратко:

  1. Третирање на усвојувањето на ВИ како стратешки државен приоритет
  2. Имплементирање на ВИ насочена кон човекот како СТАНДАРД
  3. Имплементација: брза — но безбедна
  4. Препознањање дека долгорочните заштеди ќе ги надминат почетните трошоци
  5. Национална комуникациска кампања — транзицијата кон „AI mode“ – МКД ВИ МОД
  6. Заштита на работната сила и промовирање на надградување — не замена
  7. Воспоставување континуиран мониторинг и заштита на граѓаните
  8. Градење заедничка инфраструктура наместо фрагментирани решенија
  9. Зајакнување на управувањето со податоците пред да се воведе напредна ВИ
  10. Рано усогласување со европските регулаторни насоки
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп со Анаис – 21 и 22 февруари 2026

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk