ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби е Коцев, неговиот шеф Фидоски е назначен пред еден месец

February 24, 2026 11:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања во врска со одлуката за куќен притвор за Артан Груби, посочувајќи на имињата на обвинителите инволвирани во предметот.

„Обвинителот кој побарал куќен притвор за Груби е Даниел Коцев а негов шеф, обвинителот Анел Фидоски кој беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец“, рече Димитријевиќ.

Тој изјави дека, според СДСМ, станува збор за политички договор.

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Кој е предметен обвинител за овој случај? Даниел Коцев. А негов шеф? Обвинителот Анел Фидоски. Тој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година како одговорен на најголемото обвинителство во државата, значи пред еден месец. На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова“, подвлече Димитријевиќ.

Димитријевиќ се осврна и на, како што рече, „театарот на граница“.

„По ‘театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде што го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари’, следувало продолжението – куќен притвор“, рече тој.

Во продолжение, генералниот секретар на СДСМ упати критики кон правосудниот систем.

„Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори. Го сменија јавниот обвинител, избраа судии и обвинители под нивна контрола.о Сопруга на екс градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д. обвинителка избраа на поранешен заменик-министер на ВМРО. За в.д. претседателка на Кривичен ја назначија Даниела Димовска. Синоќа видовме зошто. За да бидат алка во рацете на власта, инструмент за реализација на политичките одлуки на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, потенцираше Димитријевиќ.

Тој додаде дека, според него, доаѓањето на Груби било временски темпирано.

„Прво преземање целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ. Можеби им поминуваше со години, но повеќе не – граѓаните не се наивни ниту слепи. Граѓаните конечно гледаат сè и знаат. Одговорност ќе има“, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Next Post

Собраниската комисија не го прифати предлог-законот за минимална плата

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk