ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајчулески: Минималната плата од 600 евра е прашање на достоинствен живот, не само бројка

February 24, 2026 14:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулесски, на денешната комисија за предлог-законот за зголемување на минималната плата нагласи дека државата има обврска да обезбеди достоинствен живот за работниците, а Владата не смее да остане пасивен набљудувач додека граѓаните тонат во сиромаштија.

„Кога ќе кажете како држава, како Влада, дека ќе поддржите решение за кое ќе се договорат работодавачите и работниците, тоа значи дека велите дека не сте надлежни. Ако не сте надлежни да покренете мерки и политики со кои директно ќе го подобрите животот на граѓаните, особено на работниците кои земаат минимална плата и се најсоцијално загрозени, тогаш навистина не знам зошто сте Влада и зошто сте презеле одговорност да ја водите оваа држава и овој народ“, рече Трајчулески.

Тој остро го критикуваше ВРМО за неконзистентност во однос на нивните ветувања и постапки.

„Единствената конзистентност што ја гледаме е неконзистентноста. Она што сте го зборувале пред изборите, кога сте ги поддржувале синдикатите и нивните барања за минимална плата, денес е спротивно од вашите постапки. Денес гледаме слика која неодоливо нè потсетува на периодот од 2006 до 2016 година, со пленуми, контра-пленуми, протести, контрапротести, синдикати и контра-синдикати, со цел да се задушат барањата на работниците“, потенцираше Трајчулески.

Тој нагласи дека зголемувањето на минималната плата од 600 евра не е само економска бројка, туку прашање на достоинствен живот за кој државата мора да создаде услови.

„Ќе зборувам и како човек кој растел во семејство на двајца работници кои цел живот биле на минимална плата, а денес земаат минимална пензија. Многу добро знам колку е тешко кога едно семејство се бори да обезбеди достоинствен живот за себе и за своите деца, особено кога треба да школува две деца. Тие предизвици сум ги почувствувал на своја кожа. Затоа сметам дека треба да ги тргнеме на страна политиката и политиканството и да застанеме сите заедно во поддршка на работниците“, рече Трајчулески на денешната комисиска расправа за предлог-законот на СДСМ за зголемување на минималната плата.

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија, во прво читање, како и предлогот на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засеганти страни за зголемување на минималната плата.

Next Post

Алиу: Одземени одобренија за одгледување канабис за медицински цели на шест компании

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk