ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Додека Орбан води изборна кампања со уцени кон ЕУ и Украина – унгарската опозициска партија Тиса го зголемува водството

February 27, 2026 13:20
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

На 26 февруари, унгарскиот премиер Виктор Орбан се чувствуваше авантуристички, испраќајќи две писма – едно до Брисел, друго до Кијив – со низа барања. И во двете писма, таргетираната публика, сепак, не беа претставниците на ЕУ и Украина, туку домашната јавност која наскоро ќе излезе на избори.

„Заканувачката објава на Виктор Орбан не е отворено писмо до странски шеф на држава, туку кампањска порака насочена кон домашната публика“, изјави Даниел Хегедиш, заменик-директор во Институтот за европска политика (IEP), за „Кијив Индепендент“.

„Главната цел на ‘писмото’ до Зеленски е двојна: да испрати јасна порака дека дејствува според изборна логика и дека е политички очаен; и поради таа очајност е подготвен на натамошна ескалација, што Украина и ЕУ треба да ја избегнат“, додаде тој.

Минатата недела Орбан го обвини Кијив дека го запрел транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ (Пријателство), откако руските напади ја оштетија украинската енергетска инфраструктура кон крајот на јануари. Унгарскиот премиер најави дека ќе го блокира заемот од 90 милијарди евра за поддршка на Украина, финансиски пакет што претходно беше договорен од сите членки на ЕУ.

На 23 февруари, и Унгарија и Словачка го блокираа усвојувањето на 20-тиот пакет санкции на ЕУ, наведувајќи го спорот околу нафтоводот како причина.

Четири години по почетокот на целосната војна, Унгарија и Словачка остануваат единствените две членки на ЕУ кои сè уште во голема мера зависат од руска енергија. И покрај постоењето алтернативи, како нафтоводот „Адрија“, кој ја поврзува Унгарија со Јадранското Море преку Хрватска, тие не ги диверзифицираа изворите.

Павел Хавлиček од Здружението за меѓународни прашања во Прага смета дека владите на Словачка и Унгарија го користат прашањето со Украина за домашна политичка корист — поттикнувајќи антикиевски чувства и префрлајќи вина врз политичките противници.

Во писмо од 26 февруари до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, објавено од „Политико“, Орбан побара формирање истражна мисија со експерти од Унгарија и Словачка за да се утврди состојбата со нафтоводот „Дружба“.

Во отворено писмо до украинскиот претседател Володимир Зеленски, Орбан го обвини дека се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.

„Не сакаме да ја финансираме војната и не сакаме да плаќаме повеќе за енергија“, напиша Орбан, повикувајќи на итно обновување на транзитот.

Украинското Министерство за надворешни работи ги осуди, како што ги нарече, „ултиматумите и уцените“ од Унгарија и Словачка.

Хегедиш оцени дека односите меѓу ЕУ, Украина и режимот на Орбан влегуваат во завршна фаза и предупреди дека Брисел и Кијив треба да избегнат ескалација, но и да спречат можни авторитарни сценарија.

Ова особено ако се има предвид дека на претстојните парламентарни избори во Унгарија овој април, на Орбан и неговата Фидес не им цветаат рози.

Унгарската опозициска партија Тиса го зголемува водството пред Фидес на Орбан

И додека Орбан целата кампања за негов реизбор ја фрла на нападите  врз Украина и ЕУ, чија членка е Унгарија, пред парламентарните избори закажани за 12 април, февруарските анкети покажуваат дека унгарската централно-десничарска опозициска партија Тиса, предводена од Петер Маѓар го зголемила водството пред Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Орбан, кој се стреми да го задржи своето 16-годишно владеење, се соочува со силен предизвикувач за прв пат на парламентарни избори, а исходот има големи импликации не само за Унгарија, туку и за Европа и нејзините крајно десничарски политички сили.

Според пишувањето на Ројтерс, анкетата покажа дека Фидес губи, додека Тиса добива поддржувачи, и покрај бројните мерки што ги објави владата за да ги задоволи гласачите по три години економска стагнација.

Тиса, предводена од поранешниот владин инсајдер Петер Маѓар, ја зголеми својата предност пред Фидес на 20 процентни поени меѓу одлучените гласачи, во споредба со предноста од 12 процентни поени во анкетата во јануари, објави анкетарот „Медијан“ во статија објавена од новинската веб-страница hvg.hu.

Партијата на Маѓар, која беше основана дури во 2024 година, има поддршка од 55% од одлучените гласачи, во споредба со 51% во јануари.

Поддршката за Фидес се намали на 35% од 39% пред еден месец, според анкетата спроведена помеѓу 18 и 23 февруари.

Интересно е што ваквите резултати излегоа во анкетата спроведена по средбата на американскиот државен секретар Марко Рубио со Виктор Орбан, која се граничеше со експлицитна политичка поддршка, откако Рубио му рече на Орбан дека односите меѓу Унгарија и САД влегле во „златно доба“ – и дека ќе останат такви сè додека Орбан е на власт, нудејќи  финансиска поддршка – и знак за продолжување на ослободувањето на Унгарија од санкциите за купување руска нафта и гас.

„Ако се соочувате со финансиски тешкотии, ако се соочувате со работи што се пречки за растот, ако се соочувате со работи што ја загрозуваат стабилноста на вашата земја, знам дека претседателот Трамп ќе биде многу заинтересиран… да најде начини да обезбеди помош ако некогаш се појави таков момент, и очигледно во однос на финансиите и слично“, му рече Рубио на Орбан, пренесува Гардијан.

Дополнително, кога се разгледува целото население, анкетата покажува дека Тиса е поддржана од 42%, додека Фидес е поддржана од 31%.

Истражувачите на „Медијан“ рекоа дека Тиса „го надоместила губењето на моментумот на есен и повторно води пред Фидес со доверба слична на онаа од минатото лето“.

Освен двете главни партии, само крајно десничарската партија „Нашата татковина“ (Ми Хазанк) има шанса да влезе во парламентот, со поддршка од 6% од одлучените гласачи, во споредба со 5% во јануари, објави Медиан. Партиите мора да освојат најмалку 5% за да добијат места.

Изборите како потенцијална пресвртница за односите на Унгарија со ЕУ и Украина

Дополнителен удар за Орбан е вчерашната анкетата на телевизијата ATV, орбановата кампања на застрашување му се врати како бумеранг: водечкото прашање за наводен „украински напад“ врз енергетскиот систем на Унгарија доби директен одговор – 95% рекоа „Не“. Унгарците можат да ја видат пропагандата каква што е. Со оглед на тоа што опозицијата води, исценираните закани на Орбан изгледаат очајно. Унгарскиот народ разбра – и Орбан треба да си оди дома.

Претстојните избори во Унгарија не се само национален политички тест, туку потенцијална пресвртница за односите меѓу ЕУ и Украина. Доколку Виктор Орбан го зацврсти мандатот, можно е продолжување на блокадите и условувањата кон Кијив и Брисел, што би ја усложнило европската поддршка за Украина и би го продлабочило внатрешното раздвојување во Унијата. Но евентуална победа на проевропската опозиција би можела да отвори простор за поусогласена политика со ЕУ, посилна поддршка за Украина и сигнал дека во срцето на Европа сепак преовладува курсот на заедничка безбедност и солидарност,

Истовремено, мешањето во унгарските избори  и заземањето страна на администрацијата на САД во чувствителен период на затегнати трансатлантски односи со традиционалните сојузници, само ја докомпликува и онака комплицираната ситуација и дополнително ги зајакнува стравувањата на ЕУ дека САД бараат разединетост во Европа.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот

Next Post
Царинска Управа

Царината заплени 4.800 пакувања никотински кесички кај Табановце

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk