Пишува: ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Што значи политичка и морална одговорност, во четири примера:
1. Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми.
2. Премиерот на Сараевскиот кантон, Нихад Ук, поднесе оставка додека во Сараево се одржуваа протести по трагичната трамвајска несреќа во која загина 23-годишно момче, а четири лица беа повредени.
3. Грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис поднесе оставка по тешката железничка несреќа кај Лариса, во која загинаа најмалку 36 луѓе.
4. Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата поради несреќата во Нови Сад
Како е кај нас:
Во Владата на Северна Македонија никој не поднесе оставка од МОРАЛНИ причини после трагедијата во Кочани, каде загинаа 63 млади и стотици останаа повредедни.
Ќе понесе ли некој МОРАЛНА одговорност за тоа што институциите не успеале да заштитат жена и ќерка од семејно насилство?
А потоа истрагата нека си ги бара виновниците и нека ги констатира другите видови на одговорност.







































































































