ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Посетата на Руте, не беше протоколарна формалност, туку огледало и тест

March 4, 2026 15:31
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, не беше протоколарна формалност. Таа беше огледало. И тест.

Има неколку суштински моменти што не смеат да се премолчат.

Прво- денес најгласно за лојалност кон НАТО зборува истиот оној кој со сите сили се спротивставувше на Преспанскиот договор. Истиот оној кој им вети на граѓаните дека ако стане премиер, ќе го поништи договорот што ширум ја отвори вратата за членството на Македонија во Алијансата. Претседателот на истата партија која во опозициските денови интеграцијата ја нарекуваа „предавство“.

Едно да ни биде јасно. Високите претставници кои доаѓаат од Брисел- било да станува збор за НАТО или за ЕУ- не слетуваат на скопскиот аеродром наивни. Тие многу добро знаат кој профил на политичари денес ја водат државата. Знаат каква била нивната реторика и агенда во опозиција. Знаат кои ставови ги застапувале, кои сојузништва ги негувале и какви сигнали испраќале кон Москва.

Дипломатијата можеби е учтива. Но меморијата на институциите е долга.

Второ- пораката на Руте за заканите од Русија и Кина не беше рутинска формулација. Таа беше внимателно испратена порака во парламент каде мнозинството доаѓа од политичка структура која одржува амбивалентен однос кон овие прашања.

Брисел во своите извештаи прецизно предупредува на рускотото влијаније што се шири преку медиумите, односно за кинеското преку финансиските инструменти, секако под спонзорство на “Оската Б”, т.е. Будимпешта-Белград.

Трето- поддршката за Радмила Шекеринска беше повеќе од личен комплимент. Таа беше институционална порака.

Кога српскиот претседател Александар Вучиќ ја нападна заменичката генерален секретар на НАТО која доаѓа од Македонија, овде изостана јасна и достоинствена одбрана од страна на Владата. Тишината не беше случајна. Таа беше политичка калкулација.

За еден премиер не смее да биде поважно да не се замери со својот политички идол од Белград отколку да застане зад високата претставничка во најмоќниот воено-политички сојуз во светот која, патем, е од неговата држава.

Да заклучиме. Посетата на Руте нè потсети на една едноставна вистина:

НАТО не е само членска карта. Тоа е вредносен систем.

Лојалноста кон НАТО не се мери со аплауз во Собранието.

Се мери со доследност.

Со храброст да се застане зад државните интереси и кога тоа носи политичка цена.

А државништвото- за разлика од реториката- не се менува со изборниот резултат.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот.

Next Post

Линеарното зголемување на пензиите не е неуставно, одлучи Уставниот суд

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk