ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жерновски за Мицкоски: Одговара со нова лага кога ќе го фатите

March 9, 2026 12:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција го обвини премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека „лаже и ја манипулира јавноста“.

„Христијан Мицкоски лаже. Од сите премиери во светот, од сите премиери во Европа има само еден, и тоа е на овој брдовитиот Балкан, поточно во Македонија, којшто употребува термин којшто досега не е познат во политиката. Тоа е терминот ‘вистинска вистина’. Но кој човек зборува за вистинска вистина? Оној што има друга вистина. Тоа е лажна вистина“, изјави Жерновски.

Тој рече дека темата на прес-конференцијата е, како што наведе, „лажната вистина на Христијан Мицкоски“.

Жерновски посочи дека Мицкоски, според него, не ги исполнил ветувањата што ги дал пред изборите.

„Со лага дојде на власт. Во октомври 2019 година изјави дека ‘ако ги изгубам парламентарните избори ќе си дадам оставка’. Ги изгуби парламентарните избори, не си даде оставка. Излажа“, рече Жерновски.

Тој додаде дека Мицкоски ветувал промена на Преспанскиот договор и враќање на старото уставно име.

„Кажa, ветил на граѓаните дека кога ќе дојде на власт ќе го промени Преспанскиот договор, ќе го промени уставното име, ќе го врати старото име. Повторно излажа“, изјави Жерновски.

Според Жерновски, Мицкоски, како што рече, „измислува конфликти со соседите“.

„Сега измислува повторно конфликти со соседите, сè со цел да ја држи земјата изолирана и, се разбира, Македонија за жал да има блокиран европски пат“, рече тој.

Жерновски се осврна и на изјавата на Мицкоски за евентуална поврзаност со агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Рече дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и него и агенцијата за обезбедување од дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, дека ќе си даде оставка. Повторно излажа“, рече Жерновски.

На прес-конференцијата беше спомната и темата за почесниот конзул на Србија.

„Пред неколку дена во македонското Собрание, на прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за негова поврзаност со Душан Адамовиќ, рече дека зад неговата поставеност како конзул стои, цитирам, македонскиот амбасадор. Повторна лага“, рече Жерновски.

Тој додаде дека, според процедурите, почесен конзул се назначува со одлука на Владата.

Жерновски изнесе и тврдење дека дел од медиумите се под политичко влијание.

„40% од медиумите се под контрола на мрежата на Орбан и тоа е начинот на којшто таа шарена лага успева да допре до граѓаните и ние ќе се бориме против тоа“, рече тој.

На крајот од прес-конференцијата Жерновски се обрати до граѓаните со порака:

„Почитувани граѓани, владејачката партија лаже. Мицкоски не само што лаже, Мицкоски многу лаже. Не дозволувајте повеќе овој човек да ве лаже и понатаму“.

Next Post
Скопје, 8 март 2026

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Низ објективот на Небојша Гелевски: Крвави рози за вас мадам

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk