ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисија за култура на СДСМ: Стратегија без култура – Владата се обидува да ја прикрие неспособноста со нов документ

March 12, 2026 14:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Стратегија без култура, само алиби за неспособноста на власта“, реагира Комисијата за култура на СДСМ по најавата на министерот за култура Зоран Љутков за нацрт-Стратегијата за развој на културата 2026–2030.

Во соопштението се наведува дека документот што го презентирало Министерството содржи „големи зборови на хартија“, додека, како што оценуваат од партијата, состојбата во културата во земјата е сериозно влошена.

„Министерот Зоран Љутков се пофали со нацрт-Стратегија за развој на културата 2026–2030. На хартија, големи зборови, а во реалноста, културата во Македонија никогаш не била во полоша состојба“, се наведува во реакцијата.

СДСМ: Системот во културата е урнат

Од Комисијата за култура на СДСМ тврдат дека Владата предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го развива секторот, го нарушила неговото функционирање.

„Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прво го урна системот во културата, а сега се обидува со стратегија да ја прикрие сопствената неспособност“, се вели во соопштението.

Според нив, неколку клучни проблеми ја одредуваат моменталната состојба во културата: намалување на буџетот за култура, кој, како што наведуваат, е меѓу најниските во последните години, недостиг од стабилно финансирање и развојни програми за националните институции, запоставување на културното наследство и влошена положба на уметниците и културните работници.

Критики за новата стратегија

Од СДСМ оценуваат дека наместо конкретни политики, новата стратегија нуди, како што велат, „бирократски документ со општи формулации“.

„Наместо реални политики, власта нуди бирократски документ со општи формулации, без конкретни механизми, без финансиска рамка и без јасна визија“, се наведува во реакцијата.

Партијата потсетува дека, според нив, во периодот кога СДСМ ја предводела Владата биле преземени чекори за развој на културниот сектор.

„Да потсетиме: токму Владата предводена од СДСМ во изминатите години ја донесе првата современа стратегија за култура, го отвори секторот кон европските програми, го зголеми буџетот за култура и започна сериозни процеси на заштита на културното наследство“, се вели во соопштението.

Предлог-мерки од СДСМ

Во реакцијата се додава дека, според нив, во моментов се случува спротивен процес – централизирање на одлуките, партизација на институциите и стагнација на културниот систем.

„Културата не се развива со PR-соопштенија и протоколарни седници. Културата се развива со визија, инвестиции и почит кон уметниците и културните работници“, наведуваат од Комисијата за култура на СДСМ.

Од партијата посочуваат дека ќе продолжат да предлагаат конкретни мерки, меѓу кои стабилен и транспарентен буџет за култура, фонд за заштита на културното наследство, рамномерен културен развој низ државата и подобри услови за работа на уметниците.

„Културата не смее да биде жртва на неспособноста на оваа власт“, се наведува во соопштението.

 

 

Next Post

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра за коридорите

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk