ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home BREAKING NEWS

Четворица загинати откако американски воен авион се урна во Ирак

March 13, 2026 11:20
in BREAKING NEWS, ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Четворица од шесте членови на екипажот загинаа откако американски воен авион за полнење гориво се урна во западен Ирак, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), пренесува NBC News.

Несреќата се случила во четврток за време на операции поврзани со војната меѓу Иран и САД. Според соопштението на американската војска, станува збор за авион KC-135 Stratotanker, кој се користи за полнење гориво во воздух на борбени авиони.

Спасувачка операција во тек

CENTCOM соопшти дека авионот се урнал околу 14 часот по источнoамериканско време во западниот дел на Ирак.

„Околностите на инцидентот се предмет на истрага. Сепак, загубата на авионот не е резултат на непријателски оган ниту на пријателски оган“, соопшти CENTCOM.

Во соопштението се наведува дека два авиони биле вклучени во инцидентот, при што едниот безбедно слетал. За останатите двајца членови на екипажот не се дадени детали, а спасувачките операции продолжуваат.

Расте бројот на жртви во операцијата

Идентитетот на загинатите војници засега не е објавен, што е вообичаена процедура во американската војска додека нивните семејства не бидат официјално известени.

Според американските власти, оваа несреќа го зголемува бројот на загинати американски војници на десет лица од почетокот на операцијата „Epic Fury“, која започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз цели во Иран.

Минатата недела, пак, Кувајт по грешка собори три американски борбени авиони, но во тој инцидент немало загинати.

Истрагата за причините за падот на авионот во Ирак е тек.

Next Post

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

СДСМ: Мицкоски и Филков молчат повеќе од 30 дена, намерно го штитат Груевски од екстрадиција

May 14, 2026

Луциден сон со нова песна и видео спот „И пак те нема“

May 14, 2026

АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

May 14, 2026
Фото: илустрација Фронтлајн

Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

May 14, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 14 мај 2026: Фаза на материјализација и стабилност

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk