ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Ниту една држава не може да просперира со сиромашни работници“ – ITUC и ССМ со пораки до Владата

Средба во Министерството за економија и труд за платите и работничките права

March 18, 2026 16:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ниту една држава не може да просперира со сиромашни работници“ – ова е една од клучните пораки што беа упатени на денешната средба меѓу претставници на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

На средбата учествуваа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл, како и претставници на Паневропскиот регионален комитет, при што фокусот беше ставен на состојбата со работничките права, платите и социјалниот дијалог во државата.

Барања за минимална плата од 600 евра

На состанокот беа разгледани барањата на ССМ за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и за покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.

Од ССМ посочија дека овие барања се темелат на анализи базирани на податоци од институции како Државниот завод за статистика, Народната банка, Управата за јавни приходи и меѓународни организации, како и на синдикалната минимална кошница.

Загриженост за состојбата со работничките права

Генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл, изрази сериозна загриженост за состојбата со работничките права во Македонија, оценувајќи дека наместо подобрување, ситуацијата се влошува.

Тој посочи дека земјата има лоша оценка во Глобалниот индекс за работнички права, а предупреди и на постоење практики спротивни на Конвенциите 87 и 98 на Меѓународната организација на трудот, кои се однесуваат на слободата на здружување и колективното договарање.

Критики за социјалниот дијалог

На средбата беше нагласено дека социјалниот дијалог во државата е нарушен, а Економско-социјалниот совет не функционира како суштински механизам за креирање политики.

Од ITUC порачаа дека трипартитноста мора да се почитува, а дијалогот меѓу Владата, работодавачите и синдикатите треба да биде активен и реален, а не формален.

Проблеми со синдикалното организирање и притисоци

ССМ укажа на низа предизвици, меѓу кои обиди за мешање во синдикалните организации, притисоци врз синдикалните претставници и непочитување на колективните договори.

Дополнително, беше посочено дека синдикалното организирање е особено отежнато во слободните економски зони, каде што работниците имаат ограничени можности за колективно преговарање.

Порака за достоинствен живот

Од ITUC беше испратена јасна порака дека минималната плата треба да обезбеди достоинствен живот, а не преживување.

Беше нагласено дека Владата и работодавачите мора да се фокусираат на подобрување на животниот стандард на работниците, бидејќи економскиот развој не е одржлив без социјална стабилност.

Поддршка за ССМ и најавен меѓународен мониторинг

Генералниот секретар на ITUC изрази поддршка за ССМ и за синдикалното движење во земјава, при што осуди кампањи за дискредитација на синдикалните лидери.

Беше најавено дека ITUC ќе продолжи да ги следи состојбите во Македонија, а напредокот ќе биде разгледуван на годишната конференција на Меѓународната организација на трудот во Женева.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Кокино

Дневен хороскоп со Анаис - 19 март 2026

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk