ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите од Центар

March 19, 2026 11:32
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Општина Центар

Фото: Општина Центар

Share on FacebookShare on Twitter

По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје, соопштуваат од Општина Центар.

Во таа насока, како што се наведува во соопштението, беше одржан работен состанок со Проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на кој беше потпишан Меморандум за соработка. Со овој документ се зајакнува партнерството и се отвораат можности за реализација на нови заеднички проекти.

На средбата присуствуваа и Проф. д-р Елизабета Ѓеоргиевска, раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, како и Проф. д-р Гордана Апостолска.

„Грижата за оралното здравје започнува од најрана возраст и претставува важен сегмент од целокупното здравје на граѓаните.

Во рамки на Програмата за образование се спроведува проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“, преку кој учениците од прво одделение од сите основни училишта во Центар се едуцираат за правилно четкање на забите и одржување на оралната хигиена.

Во рамки на Програмата за социјална и здравствена заштита и заштита на деца се реализира проектот „Унапредување на оралното здравје кај деца од предучилишна и училишна возраст, граѓани од социјално загрозени семејства и корисници на пензија“, преку кој се обезбедуваат бесплатни стоматолошки прегледи и грижа за најранливите категории граѓани.

Општина Центар останува посветена на унапредување на здравјето на граѓаните преку континуирани активности, едукација и силни партнерства со релевантни институции“, истакнуваат од Општина Центар.

Next Post

ВЛЕН: Процесот на обединување влегува во „неповратна фаза“ Алтернатива се приклучува кон новиот политички субјект

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk