ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за еден месец порасна за 436 денари, достигна 67.818 денари во март

Животот поскапел за над 2.300 денари за три месеци, платите растат значително помалку, реагираат од ССМ

March 19, 2026 11:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
плата, кошничка, работнички живот
Share on FacebookShare on Twitter

„За три месеци животот поскапел за околу 2.500 денари, а минималната плата ќе се усогласува за 1.667 денари“ – реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во ново соопштение за трошоците за живот.

Според податоците на ССМ, вредноста на Синдикалната минимална кошница за март 2026 година изнесува 67.818 денари, што е зголемување од 436 денари во однос на февруари.

За три месеци раст од над 2.300 денари

ССМ посочува дека во периодот јануари – март 2026 година, трошоците за живот пораснале за 2.326 денари.

Дополнително, се наведува дека за четиричлено семејство со изнајмен стан од 60 квадратни метри, месечните трошоци достигнуваат 83.193 денари.

Драстично поскапување на горивата

Во соопштението се истакнува и значително зголемување на цената на дизел горивото.

Според податоците на ССМ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ во периодот од 5 јануари до 16 март пораснала од 64,50 на 92 денари за литар, што претставува зголемување од 27,50 денари.

ССМ со критика за политиките за плати

Од ССМ поставуваат прашање дали животниот стандард ќе се подобри доколку не се пресметува синдикалната кошница и дали работниците ќе бидат задоволни со постојните плати.

Во соопштението се наведува дека претставувањето на економската состојба од страна на владините претставници не ја одразува реалната состојба со трошоците за живот.

Tags: платиСиндикална кошничкаССМ
Next Post
Фото: Х. Мискоски фб

Мицкоски на самитот на ЕПП: Заедничка посветеност кон европските вредности и иднината на континентот

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk