ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Владата го одобри договорот за БРТ во Скопје: 70 милиони евра за модерен јавен превоз

March 24, 2026 15:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, со што се отвора патот за реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во јавниот транспорт.

Како што соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, станува збор за систем кој треба да донесе побрз, поефикасен и поеколошки јавен превоз во главниот град.

Брзиот автобуски превоз (БРТ) е концепт кој функционира со посебни ленти за автобусите, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила, што овозможува значително намалување на времето на патување и сообраќајните гужви.

Според најавите, системот ќе придонесе и за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на живот во Скопје.

Проектот ќе се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 70 милиони евра, кои ќе бидат пренесени на Град Скопје како средства за реализација.

Договорот ги дефинира обврските и координацијата помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје, вклучително и управувањето со средствата, административните процедури и техничката подготовка.

Истовремено, предвидено е формирање на специјална единица за имплементација на проектот која ќе го следи целиот процес.

Со одобрувањето на договорот, се создаваат услови за почеток на конкретни активности на терен – од јавни набавки и техничка документација, до старт на инфраструктурни работи.

Градоначалникот посочува дека станува збор за проект кој треба да донесе „суштинска промена“ во јавниот превоз, кој со години се соочува со сериозни проблеми.

Ѓорѓиевски изрази благодарност за поддршката од Владата и премиерот Мицкоски, како и од министрите Александар Николоски и Гордана Димитриеска Кочоска.

Паралелно со БРТ, најавена е и набавка на 100 нови еколошки автобуси, како дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот превоз.

„Денес конечно се преземаат конкретни и одлучни чекори за надминување на долгогодишните проблеми во јавниот превоз“, наведува градоначалникот.

Тој додава дека целта е воспоставување модерен, функционален и ефикасен транспортен систем кој ќе овозможи побрзо движење, почист воздух и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Next Post

ССМ со бројки: Над 350 илјади работници земаат под просечна плата

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk