ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата

March 25, 2026 13:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција, обвинувајќи дека владините мерки не даваат резултати и дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од растот на цените.

Кузеска истакна дека се потврдиле предупредувањата на СДСМ, посочувајќи дека мерките на Владата не успеале да го запрат растот на трошоците за живот.

„Се потврди сѐ она што СДСМ го говореше и за што предупредуваше – за жал, на директна штета на стандардот на граѓаните“, рече таа.

Според неа, веќе се забележува нов раст на цените на горивата.

„Мерката на Мицкоски не даде ефект. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот, кој сега изнесува 95,5 денари за литар“, изјави Кузеска.

Таа оцени дека граѓаните се соочуваат со раст на цените на основните производи и дека се создава „спирала“ на поскапувања.

„Проблемот за граѓаните е веќе тука – активирана е спиралата на раст на цените на храната. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото е веќе покачено“, рече Кузеска.

Кузеска додаде дека платите не го следат растот на цените.

„Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат“, изјави таа.

Во однос на минималната плата, таа посочи дека Владата одбила да ја зголеми на 600 евра.

„Мицкоски одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Сега ниту 600 евра плата нема да бидат доволни за да се преживее месецот“, рече Кузеска.

Таа обвини и за, како што рече, „дефокус“ од страна на Владата.

„Наместо мерки – Мицкоски прави дефокус, Дубаи, Зграда 42 спрата, Харис Џиновиќ, Башановиќ, што ли не измислија“, изјави Кузеска, додавајќи дека „граѓаните не можат да живеат од дефокус“.

Кузеска ја критикуваше и изјавата на Мицкоски за наводни заштеди кај граѓаните.

„Дури Мицкоски зборува дека граѓаните ‘станале милионери’ и дека заштедиле, 200 илјади дневно, 1,5 милиони евра неделно. Епа граѓаните нека ги отворат своите паричници и нека ги пронајдат тие пари“, рече таа.

СДСМ повика Владата да ги прифати нивните предложени мерки.

„Намалување на ДДВ на горивата на 5%. Намалување на акцизите за 4 денари. 0% ДДВ за основните прехранбени производи. Преполовување на патарините. Законите се поднесени, мерките се реални и издржани – применете ги“, изјави Кузеска.

Таа нагласи дека, како што рече, станува збор за животниот стандард на граѓаните.

„Станува збор за најважното – за лебот, за џебот на народот, за тоа дали граѓаните ќе имаат храна да го преживеат месецот“, рече Кузеска.

Next Post
Фото: ФБ профил на Мицкоски

Мицкоски најавува енергетска револуција: Регионот цели на инвестициски колач од 4 трилиони долари!

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk