Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим за национална безбедност се наоѓаат под огромен притисок додека елитни единици на САД и Израел водат трка со времето за да го пронајдат исчезнатиот пилот на соборениот ловец F-15 над иранска територија. Иако ситуацијата е критична, Трамп одбива да прецизира каков ќе биде одговорот на Вашингтон доколку американскиот офицер биде заробен или повреден од иранските сили, додека Техеран веќе јавно ги повика своите граѓани да учествуваат во ловот на „непријателскиот пилот“, ветувајќи високи парични награди, пренесуваат The Independent, NBC News и иранските државни медиуми.
Во кус телефонски разговор за лондонскиот весник „The Independent“, претседателот Трамп изрази надеж дека црното сценарио нема да се оствари, но веднаш го прекина повикот без да даде коментар за евентуалните воени реприсалии. Овој молкот на Белата куќа доаѓа во момент кога иранската државна телевизија и гувернерот на провинцијата Кохгилује и Бојер-Ахмад издадоа јавни прогласи со кои се ветуваат награди за секој локален жител што ќе успее да го фати или убие американскиот пилот. Оваа ситуација е во целосен контраст со неодамнешните фалби на Трамп дека иранските воени капацитети се „целосно десеткувани“ и дека американските сили веќе го „завршиле бизнисот“ во овој едномесечен конфликт.
Дека иранската одбрана е далеку од „рушевина“ потврдува и веста објавена од „NBC News“, според која денеска е погодено уште едно американско летало во текот на самата мисија за спасување. Станува збор за јуришникот А-10 Thunderbolt, кој бил погоден од ирански оган додека трагал по исчезнатиот колега од F-15, по што пилотот со крајни напори успеал да стигне до воздушниот простор на Кувајт каде безбедно се катапултирал. Покрај двата авиони, во истиот временски интервал иранските сили успеале да погодат и два спасувачки хеликоптери UH-60 Blackhawk, при што неколку американски војници се здобиле со полесни повреди, што ја заокружува црната серија на загуби за американското воздухопловство.
Insane footage of Iranian police officers wielding automatic rifles opening firing on U.S. Air Force HH-60G “Pave Hawk” Combat Search and Rescue (CSAR) Helicopters flying low earlier today over Southern Iran, during the search for the crewmembers of an American F-15E Strike Eagle… pic.twitter.com/LKIFdM5nQJ
— OSINTdefender (@sentdefender) April 3, 2026
Тензиите во регионот ја достигнаа точката на вриење бидејќи додека едниот пилот од соборениот двосед F-15 е веќе на безбедно, судбината на неговиот колега останува во рацете на елитните спасувачки тимови кои се натпреваруваат со локалните ирански фракции. Овој сериозен удар врз американската воена моќ и евентуалното заробување на офицер во живо би можело да биде пресудниот момент што ќе го принуди Трамп на масовна ескалација, и покрај неговите претходни тврдења дека војната ќе заврши „многу брзо“. Со два соборени авиони и оштетени хеликоптери во само неколку часа, иранското небо моментално изгледа многу поопасно отколку што Вашингтон сакаше да прикаже пред само една недела.







