ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Европска дигитална независност: Од „бесплатни“ лиценци до скапа слобода

Од удобна зависност до скапа слобода – Европа влегува во процес на технолошко осамостојување со далекусежни политички и економски последици.

April 4, 2026 11:23
in TECH FRONT, ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пишуваат:
Ванчо Орданоски, главен софтверски архитект, Инфопроект (технологија)
Џабир Дерала, главен уредник, ЦИВИЛ Медиа (политика и медиуми)

На 27-март 2026, коалиција од европски претпријатија и организации го лансираше Euro-Office, решение за уредување документи, табеларни пресметки и презентации, развиено како вистинска соработка на заедницата од над десетина различни организации. Во некои ЕУ држави, иако воглавно на локално ниво (нпр. градот Минхен), веќе се користат OpenSource офис пакети, но повеќе како потег за намалување на трошоците (за лиценци), одошто некакво „суверенистичко“ убедување.

Потегот, поддржан од ЕУ и големи европски технолошки фирми, вклучувајќи ги IONOS, Nextcloud, Eurostack, XWiki, OpenProject, Soverin, Abilian и BTactic, планира прво стабилно издание до летово. Системот е web-базиран, по (технолошки) концепт сличен и потполно компатибилен со MS Office. Технолошкиот преглед е достапен веднаш, на Github.

Имаме Министерство за дигитална трансформација, се надевам дека ќе следат слични „трансформации“. Повикани се и универзитетите во Македонија, долгогодишни корисници на „бесплатни“ Microsoft лиценци (со задна намера), да поминат на вистинско open-source решение, без индоктринации…

Ова не е само технолошка вест, туку и политички потег на ЕУ-администрацијата, како одговор на монополот на Microsoft во европските држави.

Последните потези на администрацијата на САД, предизвикаа повици за сувереност на клучните технолошки елементи на Европската Унија. Можноста друг ентитет да влијае на употребата на технологиите во Европа од политички и воени причини, стана сосема јасна. Ова не е единствен „суверенистички“ потег на ЕУ, постајат уште, кои не се пилот програми, туку систематски напори на Европската Унија да изгради инфраструктура и да ја елиминира американската контрола.

Од оваа година, „Галилео“ (глобалниот систем за позиционирање на ЕУ) станува задолжителен за производителите на мобилни уреди коишто продаваат во ЕУ, за користење на сите јавни патишта и површини. Директен одговор на американскиот GPS систем, кој е под контрола на американското Министерство за одбрана.

ЕУ ја одби понудата на SpaceX за лансирање на европски сателити за комуникација (сателитски интернет и други сервиси), и реши да ги користи своите „Ариана“ ракети, кои, патем, се 5 пати поскапи за експлоатација. Елон Маск, сопственикот на SpaceX и Starlink, со своите политички ангажмани, се покажа како сосема недоверлив партнер.

Европа во февруари ја лансираше „Vera“ – платежен систем дизајниран да ги замени американските Visa и Mastercard.

Системот веќе има над 50 милиони корисници во Белгија, Франција и Германија, потпиша договори да се прошири на нови 130 милиони корисници во уше 13 други земји. Сите трансакции се довиваат директно преку исклучиво европски банки. Цената на трансакциите е 2 до 3 пати помала од оние на Visa и Mastercard, што сигурно ќе придонесе за уште поголемо проширување.

Но, вистинската приказна не е само во новите европски иницијативи – туку во длабочината на зависноста од глобалните технолошки гиганти, која Европа ја градела со децении.

Денес, речиси целата јавна администрација, образовниот систем и голем дел од приватниот сектор во Европа функционираат врз инфраструктура контролирана од неколку американски корпорации. Од оперативни системи и канцелариски алатки, до cloud-инфраструктура и безбедносни услуги. Со други зборови, Европа не е корисник, туку зависник.

Компаниите како Microsoft, Google, Amazon Web Services и Apple не се обични даватели на услуги. Тие одамна ги надминаа границите на поимањето за технолошки провајдери – тие се инфраструктура на современото општество. А инфраструктурата е прашање на моќ.

„Бесплатните“ лиценци, особено во образованието, не беа (само) гест на добра волја, туку долгорочна инвестиција во зависност. Генерации студенти учат да работат во затворени екосистеми, кои подоцна стануваат стандарди во институциите. Така се создава ефект на заклучување (lock-in), од кој излегувањето е скапо, тешко и политички чувствително.

Cloud-инфраструктурата е уште подлабок проблем. Податоците на европските институции – од локални општини до министерства – често се складирани на сервери надвор од ЕУ, под јурисдикција на странски закони. Прашањето не е дали тие податоци се злоупотребуваат, туку кој има право да одлучува за нив.

Според ЕУ законодавството, одредени типови на податоци мора да бидат територијално во ЕУ. И Северна Македонија е синхронизирана со ова. Но (големото „НО“), голем дел од овие дата-центри се во сопственост на компании од САД, иако се наоѓаат во ЕУ. Сѐ би било добро, но погодете каде е kill-switch – во САД, се разбира. Но, на страна грубото гасење на центрите во случај на некојси Трамп – тие имаат повеќе корист во употребата на податоците коишто се чуваат во овие дата центри. Разузнавачите можат да изградат детални профили на многу ЕУ компании, нивните трансакции до најситен детаљ. Да, и за граѓаните на ЕУ. Во најмала рака, ќе ги користат (и ги користат) овие податоци за тренирање на ChatGPT и другите знајни и незнајни LLM сервиси во сопственост на CIA, NSA и другите алфабетни шпионски организации од САД.

Со други зборови: Европа може да носи регулативи, но не ја контролира основата на дигиталната реалност.

Токму затоа, иницијативи како Euro-Office не се само алтернатива на Microsoft Office, туку обид за реструктурирање на целата технолошка зависност. Ако успеат, тие можат да создадат нова парадигма – каде што кодот, податоците и инфраструктурата се под демократска контрола и не зависат од корпоративните интереси.

Цената на таа независност ќе биде висока. Европа ќе мора да избере помеѓу удобноста на веќе изградените системи и неизвесноста на сопствените решенија. Помеѓу брзината на пазарот и бавноста на суверенитетот. Помеѓу евтината зависност и скапата слобода.

Прашањето не е дали Европа може да изгради свои технолошки системи – тоа сигурно може – туку дали има доволно политичка волја да живее со последиците (или резултатите) од таа одлука.

Преземено од Цивил Медиа

Tags: дигитална независностевропа
Next Post

СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја, проектот за Лешочкиот манастир е започнат и финансиран од претходната влада

Најново

Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk