ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

РКЕ – Дизелот од ноќеска поскапува, Мицкоски порача дека владата ги намали акцизите и дека Македонија повеќе не коленичи

April 6, 2026 14:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Максималната малопродажна цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 до 3 денари за литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто.

Дизелот поскапува и од полноќ ќе чини 98 ден./литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,5 ден./литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета и изнесува 85,5 ден./литар.

Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 95,5 ден./литар, додека мазутот М1 НС ќе се продава по цена од 51,311 ден./килограм.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, пак, денеска најави намалување на акцизите за горивата, мерка која, како што истакна премиееот, произлегува од вчерашната владина одлука со цел да се заштити стандардот на граѓаните и стопанството. Според најавите од премиерот Мицкоски, Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги намали акцизите за дизелот за 4 денари по литар, додека за бензините намалувањето ќе изнесува 2 денари.

Премиерот истакна дека оваа одлука е резултат на координирани напори, вклучително и директни преговори со раководството на „ОКТА“ и „Хеленик Петролеум“ во Атина и Скопје. Со овие разговори е обезбеден дополнителен период од еден месец за намалување на цените за 3 денари кај дизелот и 2 денари кај безоловниот бензин. Крајниот ефект од овие мерки треба да донесе поевтин бензин за потрошувачите, додека кај дизел горивото се очекува цената да остане стабилна и да нема поскапувања на бензинските пумпи, и покрај тешката енергетска состојба во светот.

Во однос на енергетската стабилност, Мицкоски упати смирувачки пораки дека државата располага со доволни количини на гориво и дека нема простор за страв од недостиг. Тој посочи дека потрошувачката е во пораст, со зголемување од милион и пол на два милиони литри дневно, особено во пограничните места, но дека системот е подготвен да одговори на притисокот.

Како дополнителна заштитна мерка, Владата ја продолжи и одлуката за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти. Овој пакет мерки, според премиерот, има единствена цел – заштита на куповната моќ на граѓаните и поддршка на бизнис секторот во услови на глобални пазарни предизвици.

Премиерот Мицкоски ја искористи можноста да испрати и политичка порака, нагласувајќи ја промената во меѓународната позиција на државата. Тој истакна дека Македонија повеќе не е земја која „коленичи и моли“, туку држава која рефлектира стабилност и зрелост во регионот, помагајќи им на другите кога е потребно.

Владата внимателно ја следи состојбата на светските берзи, каде од утрово се забележува постепен пад на цените на нафтените деривати. Сепак, конечните одлуки ќе се носат врз основа на неделните движења на берзата, за да се обезбедат реални и одржливи цени за дизел горивото и безоловниот бензин во наредниот период. Со овој одговорен пристап, Владата најавува дека ќе продолжи да биде активен фактор во одржувањето на стабилноста на домашниот пазар.

Next Post

СДСМ: Нов скандал - 4 милиони евра за хонорари во ЈПДП додека работниците работат за „мизерни“ плати

Shortcut

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk