ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

April 10, 2026 09:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела навремени мерки за заштита на економијата и стандардот на граѓаните, а сега нема капацитет да се справи со ценовните шокови и кризата.
„Она што ме чуди е како една демохристијанска партија како ВМРО-ДПМНЕ пред Велигден им вика на своите граѓани: ’Ај да видиме, ај да ве ставиме во искушение, дали ќе издржите и овој Велигден со ценовен шок, па после Велигден можеби ќе интервенираме за цени.‘ Тоа малку ми личи контрадикторно за демохристијани. Владата не е таа која треба да го става во искушение народот дали ќе издржи со повисоки цени, па ќе му каже дека имаме најмала инфлација“, рече Битиќи.
Тој потенцираше дека владата не презеде ниту една антиинфлациска мерка, а уште во првите 30 дена по почетокот на кризата, кога сè уште спиралата на притисокот на цените не е стигната, имаме скоро 5% инфлација.
„Вчера имавме две законски решенија предложени од СДСМ во Собранието, кои директно се антиинфлациони решенија, за да се направи предвидливост кај граѓаните и стопанството, но валста ги одби. Тоа е намалување на ДДВ-то од 18% на 5% за енергенсите и плус дополнително намалување на акцизата. Не за месец дена, не за 3 недели, не за 40 дена, туку системско намалување, законски, на акцизата кај сите енергенси во подолг временски период, но треба да бидат ралени и да си кажат: владата тоа не може во овој момент да си го дозволи, затоа што приходите се на дното“, истакна Битиќи.
Битиќи се осврна и на инфлацијата, за која Мицкоски вика: „Ние сме петти во Европа по најниска инфлација.
“Инфлацијата  4,9%. И тоа е реалноста. Во март 2026, наспроти 2025, е 4,9%. Но, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 7,6%. Во овој момент владата нема фискален капацитет за да ги намали своите приходи, затоа што не може да ги сервисира своите услуги како држава. Пример за тоа е зошто не се намалува продажбата на енергенси за странците. Затоа што сè тоа се дополнителни непланирани приходи во буџетот, кои итекако се добредојдени за владата“, заклучи Битиќи.

 

Next Post

Николоски: За 40 % е зголемена изградбата на автопатите, преку 70 % Министерството за транспорт има реализација на капиталните инвестиции

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk