ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

April 11, 2026 17:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Андреј Жерновски

Утрешните избори во Унгарија не се само национален настан. Тие се политички земјотрес чии последици ќе се почувствуваат далеку надвор од границите на таа земја – вклучително и кај нас.Прашањето никогаш не било дали Македонија треба да има односи со Унгарија. Прашањето е какви односи гради- и во чиј интерес.

Затоа, ова не е само приказна за Виктор Орбан, туку приказна за сите кои ја врзаа својата политика, својата реторика и својата иднина за неговиот модел.

И тука неизбежно доаѓаме до Христијан Мицкоски.

Долги години, политичката линија што ја следи ВМРО-ДПМНЕ не е само домашна стратегија. Таа е рефлексија на еден поширок, орбановски пристап: конфликт со Западот кога одговара, контролирање на наративот преку медиуми, и градење политичка моќ преку поларизација наместо преку реформи.

Но најголемиот проблем за Мицкоски не е што го следи Орбан, туку што зависи од него.

Денес веќе не зборуваме само за политичка блискост. Зборуваме за конкретна инфраструктура: медиуми со сопственичка и уредувачка поврзаност, координирани пораки лиферувани од Москва, како и финансиски текови кои отвораат сериозни дилеми.

Кога унгарски структури блиски до власта преземаат медиуми во Македонија, тоа не е бизнис, туку влијание.

Кога тие медиуми систематски ја туркаат истата анти-ЕУ и про-Кремљ политичка агенда, тоа не е случајност, туку стратегија.

И кога на тоа ќе се додаде кредитната линија од една милијарда евра од Унгарија, во ист момент кога самата Унгарија се задолжува до идентичен износ од Кина, тогаш прашањата стануваат уште погласни.

Кој навистина финансира?

Кој поставува услови?

И кому се должи политичката лојалност?

Сосема е јасно дека овде не се работи само за класичен билатерален однос, туку за пентагон на влијание – Будимпешта, Белград, Москва, Пекинг и локалниот, односно лојалниот политички партнер.

Ако парите ја менуваат адресата, за да не ја променат геополитичката тежина, тогаш ова не е само економско прашање.

Ова е прашање на влијание.

Затоа што кога ќе ги споите медиумската експанзија, политичките сојузништва и финансиските текови, добивате целосен модел на присуство. Модел кој не се наметнува отворено, туку се вградува постепено во системот, во јавниот простор, во перцепцијата.

И токму затоа, врските меѓу унгарските структури и дел од македонската политичко-медиумска сцена не се случајни. Тие се дел од поширока стратегија.

Во Унгарија, Орбан создаде систем во кој изборите постојат, но резултатот е структурално насочен. Надвор од Унгарија, истиот тој модел се проектира преку медиуми, капитал и политички бизнис партнери на Мицкоски.

Ова не е класична пропаганда. Ова е таа т.н. модерна архитектура на влијание.

Не доаѓа со забрани, туку со инвестиции.

Не доаѓа со цензура, туку со доминација.

И токму затоа е поопасна, затоа што додека формално сè изгледа демократски, суштината полека се менува.

Затоа, доаѓаме до клучниот момент.

Ако Орбан ја изгуби власта, не паѓа само една влада. Паѓа цел систем на поддршка, мрежа на влијание и политички штит зад кој многумина во регионот се чувствуваа сигурно.

Тогаш прашањето не е само што ќе се случи во Унгарија, туку што ќе се случи со Мицкоски?

Затоа што без Орбан, неговата политика останува без единствениот европски покровител.

Останува без медиумска поддршка однадвор и без геополитичка рамка.

Односно, останува само со западнобалканскиот, односно соседниот соборец.

И тогаш ќе мора да се соочи со нешто што досега го избегнуваше-

реалноста.

Реалност во која не е доволно да се создаваат наративи.

Во која не е доволно да се контролира просторот.

Реалност која граѓаните бараат резултати, а не конструкции, лаги и дефокус.

Ете зошто овие избори се важни и за нас.

Не само затоа што ќе одлучат кој ќе владее во Будимпешта, туку затоа што ќе покажат дали моделот што некои сакаат да го пресликаат овде – има иднина.

Или ќе се распадне заедно со оној што го создаде.

А ако се распадне, ќе ги повлече со себе и сите кои инсистираат на владеење без вистинска демократија, зошто да не и без резултати.

 

Точно, исходот во Унгарија нема да ја реши македонската реалност, но ќе покаже дали влијанијата што веќе се присутни ќе се зацврстат, или ќе се отворат услови конечно да бидат јавно преиспитани, последователно и казнети.

Па затоа, прашањето не е само дали Орбан ќе падне.

Прашањето е кој ќе падне утре со него.

Или, ако сакате- ќе дувне ли северец?

Next Post
Фото: Скриншот

Камала Харис: Размислувам за претседателска кандидатура во 2028 година

EVN

НАЈНОВО

СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за “имам чувство”

April 17, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk