ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Владата ги остави граѓаните без мерки и пред Велигден

April 11, 2026 11:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

„Владата предводена од Христијан Мицкоски  не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните“ – со оваа порака СДСМ  ја обвини актуелната власт за игнорирање на растот на цените во пресрет на велигденските празници.

Во партиското соопштение се наведува дека „ниту пред Велигден владата на Мицкоски не презеде никакви мерки што е директен удар врз семејниот буџет“, додавајќи дека граѓаните се оставени сами да се справуваат со скапотијата во период кога трошоците традиционално растат.

Од СДСМ велат дека Владата реагира доцна и без конкретни чекори. „Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се најголеми – пред Велигден. Додека семејствата се борат да обезбедат основни производи, Владата најавува мерки ‘по празниците’, чека анализи и извештаи“, се наведува во реакцијата.

Партијата тврди дека навремено предупредувала за растот на цените и предложила конкретни решенија. „СДСМ со недели предупредуваше и нудеше конкретни решенија – намалување на цените на горивата и храната, но Владата одлучи да ги игнорира. Денеска, граѓаните ја плаќаат цената на таа неодговорност“, стои во соопштението.

Како пример за, како што велат, влошената економска состојба, од СДСМ ја посочуваат ситуацијата на пазарите. „Реалноста на терен е поразителна. Велигденската трпеза е поскапа од кога било. Пазарите се полни, но торбите на граѓаните остануваат полупразни. Се купува минимално, ‘колку за проба’, а дел од граѓаните само разгледуваат без да можат да си дозволат“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се изнесуваат и конкретни цени на дел од производите: „Јагнешкото месо достигнува и до 700 денари за килограм, поскапеа јајцата и зејтинот, а цените на доматите надминуваат 200 денари за килограм. Поскапувањата се речиси кај сите производи, со најголем раст кај овошјето и зеленчукот.“

Од СДСМ заклучуваат дека ваквата состојба е последица на, како што велат, погрешни политики на власта. „Ова е резултат на задоцнети, недоволни и погрешни економски политики затоа што Мицкоски го штити бизнисот и профитот наместо стандардот на народот. Власта нема чувство за реалноста, ниту за потребите на граѓаните“, се наведува во реакцијата.

Next Post

Мицкоски: Очекуваме намалување на цените на горивата од вторник

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk