ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Камерниот оркестар Профундис со настап на отворањето на „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана

April 16, 2026 10:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Камерниот оркестар „Профундис“ и истакнатата пијанистка Ема Попивода ќе настапат на свеченото отворање на меѓународниот фестивал „Мјуз-Екс Експо“ (Muse-X Expo Festival) во Тирана. Настанот ќе се одржи на 17 април во просторот на Пирамидата во Тирана, каде македонските уметници ќе претстават ексклузивен 40-минутен сценско-визуелен перформанс.

Овој настап претставува централен уметнички момент на фестивалот и ќе биде реализиран во соработка со оркестарот на РТШ. Концептот ги обединува класичната музика, современиот сценски израз и визуелните елементи, нагласувајќи ја креативната енергија на македонската музичка сцена.

Уметничкиот директор и диригент на „Профундис“, маестра Ѓурѓица Дашиќ, истакна дека овој настап е значајна можност за афирмација на оркестарот и позиционирање на македонските уметници на меѓународната сцена. Според неа, ваквите мултимедијални концепти покажуваат дека камерната музика може успешно да биде дел од современиот уметнички израз.

Фестивалот „Мјуз-Екс Експо“, кој трае од 17 до 19 април, е меѓународна платформа која ги поврзува музиката, визуелните уметности и креативните индустрии. Покрај концертната програма, настанот вклучува конференции и професионални средби на културни работници од повеќе земји.

Настапот во Тирана е уште една потврда за активното меѓународно присуство на „Профундис“, кој досега имал успешни претставувања на престижни фестивали во Италија, Србија, Бугарија и Црна Гора. Пијанистката Ема Попивода, која е и директорка на Македонскиот културен центар во Тирана, со овој проект продолжува со својот иновативен пристап во комбинирањето на музиката со визуелната уметност.

 

Next Post
Фото: Влада

СДСМ: Mицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk