ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Во Скопје се одржа настан за ученици по повод Светскиот ден на креативноста и иновациите

April 21, 2026 13:08
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за образование и наука

Фото: Министерство за образование и наука

Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје денеска се одржа креативен и едукативен настан за ученици од основните училишта, „Зеленикс – од предизвик до иновација“, по повод 21 Април – Светскиот ден на креативноста и иновациите, во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

На настанот пред учениците биле поставени таканаречени „зелени предизвици“, а нивна задача била да предложат решенија за нивно надминување.

Покрај директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, се обратила и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакнала дека ваквите иницијативи се важни за поттикнување на младите да се вклучат во создавање подобра иднина.

„Сакаме да ги стимулираме младите да создаваат решенија што го олеснуваат животот на луѓето, без да ѝ наштетат на природата. Да се фокусираат на поголема грижа за здравјето, посилна заштита на животната средина, справување со климатските промени, но и унапредување на образованието и економијата. Тоа значи да помогнат во изнаоѓање одговори на најголемите предизвици на 21 век“, рече Јаневска.

Таа нагласила дека енергијата, љубопитноста, креативноста и иновативноста се најсилните карактеристики на младите, а задача на креаторите на политики и наставниците е да ги поддржат и насочат во нивниот развој. Според неа, токму затоа се интензивираат промените во образованието, со акцент на критичкото размислување, креативноста и иновативноста.

„Нашата цел не е да имаме само поединечни таленти, туку да создаваме цели генерации креативни и инспиративни млади луѓе. Генерации кои ќе покажуваат грижа за општеството, ќе создаваат нови вредности и активно ќе учествуваат во обликувањето на иднината“, истакна министерката.

Таа додаде дека училиштата се опремуваат со лаборатории, се организираат натпревари за знаење и вештини, а се зголемуваат и инвестициите во науката и истражувањата, како и можностите за учество во меѓународни програми како Хоризонт Европа, Еразмус+ и ЦЕЕПУС.

На крајот, Јаневска им порача на учениците да бидат креативни, посветени и одговорни во соочувањето со заедничките предизвици.

„Запомнете, големите успеси започнуваат со мали чекори. Можеби токму некој од вас, тука и денес, го прави својот прв чекор кон голем успех“, им порача Јаневска на учениците.

Светскиот ден на креативноста и иновациите е прогласен од Обединетите Нации, а првпат бил одбележан во 2018 година.

 

Next Post
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Договорот за крај на војната со Иран изгледаше блиску. Потоа Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

Shortcut

Најново

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk