Работници на градилиште во Кисела Вода, утрово биле затрупани со земја, информираат од Центарот за управување со кризи. На местото на настанот, по осум часот утрово, пристигнала Брзата помош, од каде, пак заради сериозноста на настанот, била побарана помош од Протипожарната бригада, полицијата и Центарот за управување со кризи, пренесува Мета.мк.
„Во 8,14 часот е добиен повик за затрупани градежни работници со земја на улица Козјак број 3 и се бара Брза помош. Во 8,18 минути е добиен втор повик од доктор Драган Панов од Итната медицинска помош со кој бара асистенција од Протипожарна бригада за извлекување на затрупаните лица, информираат од ЦУК.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утрово добиле известување за инцидент на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
„Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со ЦУК и Противпожарната брригадасе преземаат мерки за вадење и на третото лице“, велат од Министерството.
Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ од Скопје, на чие градилиште утрово беа затрупани четворица работници, а еден го загуби животот.
Според јавно достапни информации, Коневски е сопственик и основач на компанијата, а Илија Коневски е директор. Основана е во ноември минатата година како друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал и е регистрирана на улцата Петар Попарсов во Центар, пишува Мета.мк.
Според доктор Игор Мерџановски, од тројцата повредени работници еден е со скршеници на нозете, а другите двајца се со полесни повреди, како нагмеченци и повреда на лактот.
„Еден од пациентите ќе биде опериран“, рече д-р Мерџановски.







