ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: Во понеделник со музика и сеќавања го чествуваме роденденот на големиот Горан Стефановски

April 26, 2026 11:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар в понеделник, на 27 април, со почеток во 17:00 часот, ќе организира културен настан кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, посветен на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори. Настанот има за цел да го одбележи неговото творештво и неизбришливата трага што ја остави во македонската култура.

Градоначалникот Горан Герасимовски упати отворена покана до сите граѓани и почитувачи на ликот и делото на Стефановски да се придружат на ова чествување низ уметност, музика и спомени.

Посебен акцент на настанот ќе даде неговиот син, Игор Стефановски, кој како домаќин ќе сподели лични приказни за родендените славени во кругот на семејството, како и за специфичниот хумор и идеите на големиот писател.

Програмата е конципирана да ги спои сите уметности во кои Стефановски уживаше и кои ги инспирираше:

Музика: Хорот „Мирче Ацев“ ќе ги изведе неговите омилени песни, а предвидени се настапи на џез формацијата „Трицикл“ и DJ сет на Шурбе.

Театар: Актери ќе интерпретираат култни монолози од неговите драмски текстови.

Ликовна уметност: Посетителите ќе можат да погледнат изложба на портрети од Горан, насликани од уметникот Ненад Рафајловски.

Општина Центар веќе неколку години во континуитет го негува споменот на Горан Стефановски преку уредување на уметнички катчиња и реализација на вакви собири во срцето на Дебар Маало, маалото кое тој најмногу го сакаше и опишуваше. Овој настан е продолжување на таа традиција, со цел неговиот дух да остане жив во културниот пулс на Скопје.

Next Post

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk