ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026 11:49
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „ЕУ за општините“ претстави нова практична алатка наменета за локалните самоуправи во Северна Македонија – „Прирачник за спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за данок на имот“. Оваа публикација нуди структуриран пристап за тоа како општините преку јасни пораки и соодветни канали да ги информираат граѓаните за важноста на редовното плаќање на даноците, со цел зајакнување на довербата и подобрување на локалните услуги.

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, во предговорот на прирачникот истакнува дека општините се клучните места каде европските политики се претвораат во конкретни подобрувања за секојдневниот живот на граѓаните. Според него, овој проект докажува дека евроинтеграцијата е партнерство изградено на конкретни резултати и соработка. Енцо Дамиани, програмски менаџер во Делегацијата на ЕУ, додава дека ефикасното управување со јавните финансии е директно поврзано со квалитетот на услугите што општините ги испорачуваат.

Поддршка за капацитетите на локалната администрација

Прирачникот е дел од поширока серија публикации на „ЕУ за општините“ наменети за надградба на административните и техничките капацитети на општините. Автори на публикацијата се Бардул Марку, Клаус Рихтер и Бојан Кордалов, а истата е достапна за бесплатно преземање на официјалните дигитални платформи на проектот. Овие алатки се дизајнирани да останат во трајно владение на локалната администрација и по завршувањето на проектните активности.

Во изминатите шест години, програмата „ЕУ за општините“ постигна мерливи резултати, вклучувајќи обука на 1.500 претставници од локалната самоуправа и поддршка за сите 81 општина во државата. Преку овој проект се реализирани бројни грантови и воспоставени се партнерства со општини од шест земји членки на ЕУ, што значително го унапреди учеството на македонските општини во меѓународните програми како Interreg.

Next Post
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk