Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом.
Во својата празнична порака, премиерот нагласи дека овој празник потсетува на клучните човечки вредности како што се солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните.
Мицкоски повика на континуирана заедничка работа за унапредување на општеството, градејќи го врз основа на разбирање и единство.
„Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина“, порача претседателот на Владата.
На крајот од честитката, премиерот изрази желба празничните денови да донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство да владеат љубов, мир и бериќет.





































































































