ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026 19:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Википедија

Фото: Википедија

Share on FacebookShare on Twitter

Не е јасно каде е криминалот во случајот „Мазут“, смета дел од правната експертска јавност. Меѓу нив е и професорот Гордан Калајџиев, кој во гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека за случајот не биле презентирани докази. Воедно, според него, никој не поставува прашање дали некој ќе одговара за тоа што осомничените биле предмет на мерки цела година, а нивниот углед бил нарушен.

„Од тоа што е достапно во јавноста не е јасно каде е направен криминал и корупција, а тоа го потврдува и одлуката на Обвинителството. Имаме ситуација во која Обвинителството ставило луѓе во притвор, ги малтретирало цела година, имало мерки за фирмите, претпоставувам, а никој не прашува кој ќе одговара за тоа што биле малтретирани луѓето и што им било нарушено името. Наместо тоа, сите го обвинуваат јавниот обвинител за криминал затоа што е запрена истрагата. Од каде им е правото на тие што коментираат да го тврдат тоа?“ – вели професорот Калајџиев.

Дека е подобро истрагата да се запре доколку нема докази, наместо подоцна обвинението да падне, објасни и државниот јавен обвинител Ненад Савески кој  ја поддржа одлуката на надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ за запирање на истрагата за „Мазут“.

„Подобро е истрагата да се запре отколку да се поднесе обвинение што подоцна би завршило со ослободителни пресуди“, дециден е Савески.

Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, каде редовно се вршела контрола на квалитетот на воздухот, во периодот што беше предмет на истрагата, а кога во јавноста се шпекулираше со информации за „труење“ и „загадување на воздухот“, воопшто немало загадување од ТЕЦ Неготино.

Во јавноста беше отворено и прашањето дали увезениот мазут имал штетен хемиски состав. Според ОЈО ГОКК, покрај тоа што од прибраните докази не било утврдено дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставале на товар, не било утврдено ниту постоење на друго кривично дело што се гони по службена должност.

Дополнително, се поставува прашањето: ако загадувањето во Неготино било предизвикано од мазутот, тогаш зошто Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, а таму не се користи мазут?

Согласно лиценците за трговија со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика секој месец врши контрола од каде купуваат и каде продаваат компаниите што имаат лиценци. Според извештаите, јасно е дека Скопје никогаш не било загадено поради мазутот, бидејќи главната когенеративна централа ТЕ-ТО работи на гас. И покрај тоа, Скопје редовно се наоѓа меѓу петте најзагадени градови во светот, особено во зимскиот период.

Според бројни истражувања, главниот проблем со загадувањето произлегува од дивите депонии и отпадот кој не би требало ни да постои, додека и оние депонии што формално се легални не се третираат според позитивните практики кои во други држави придонеле за намалување на загадувањето. Депониите, особено дивите, редовно се палат, не се преземаат доволно превентивни мерки и нема инвестиции во капитални проекти за преработка на отпад, познати како „waste to energy“, кои се присутни во речиси сите европски метрополи.

Дополнително, мазутот се користи и во многу поразвиени европски држави како Германија, Франција и Швајцарија, земји кои важат за зелени и имаат високи еколошки стандарди.

Според официјалните извештаи на ЕСМ за периодот од 2021 до 2023 година, кој е предмет на истрагата, и во екот на енергетската криза, ТЕЦ Неготино беше реактивирана по повеќегодишна пауза и оствари милионски профит. Во 2022 година државната централа оствари историски рекордна добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра. Овој резултат беше последица на зголеменото производство на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.

Анализите на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), врз основа на цените на берзите на електрична енергија во периодот опфатен со истрагата, покажуваат дека доколку се увезувала електрична енергија, тоа би чинело околу 880 милиони евра, наспроти набавката на мазутот која изнесувала 167 милиони евра.

На крајот повторно се наметнува прашањето што го постави професорот Калајџиев во телевизиското гостување: кој ќе ја надомести штетата врз угледот и времето поминато во притвор, без разлика дали бил ефективен или куќен, на осомничените?

Д. Е.

Next Post

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

    Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk