ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како од 24 часа се прават 48

June 9, 2026 12:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДУЊА ИВАНОВА

Многу често ме прашуваат како успевам и како од 24 часа правам 48. Тие што ме знаат од дете знаат дека тука нема некоја голема мистерија, ништо суштински не се сменило. Се менувале улогите, проектите, обврските, шасиите низ кои поминува животот, но моторот е ист. Љубопитноста е иста. И немирот е ист.

Со годините научив дека секој што се обидува да помести нешто напред, порано или подоцна ќе стане свој мал Дон Кихот. Ќе се бори со ветерници, со апатија, со „не може“, со „остави така“… И тоа е цената на секој обид да не стоиш во место.

Кај нас има една интересна навика: луѓето најлесно стануваат легенди откако ќе ги нема. Додека се тука, се анализираат, се мерат, им се бара маана. Откако ќе заминат, сите одеднаш биле нивни најголеми поддржувачи. Уште помалку ја разбирам гладта за туѓа несреќа. Како некои луѓе да се хранат со туѓи падови, а да гладуваат кога некој успева. Но не е добар ни другиот екстрем – молкот. Она наше: „не е добро, ама ајде“, „може подобро, ама ќе премолчам“, „ама што ќе речат луѓето“…

Низ животот сфатив и уште нешто: не секој што молчи е мудар. Понекогаш молкот не е достоинство, туку удобност. Тоа сум го гледала и во мојата фела, меѓу уметниците, а денес сѐ почесто го гледам и во спортот. Луѓе кои ќе препознаат неправда, ќе се согласат дека нешто не е во ред, но ќе изберат да премолчат за да не си го нарушат комфорот. Лесно е да се ужива во придобивките од еден систем, а никогаш да не се преземе ризик да се каже став, да се застане зад принцип или да се брани нешто што е исправно. Таквиот мир најчесто е само позајмен комфор. А привидниот успех, колку и да изгледа голем од маалска перспектива, ретко остава трага надвор од неа.

Највредното нешто што ме научија моите родители не беше како да победувам. Туку како да не се плашам. Да знам дека успехот мораш сам да си го заработиш, но и дека пред неправда не се молчи. И дека кога знаеш да создаваш, да работиш и повторно да се изградиш од нула, тогаш никој не може да ти одземе ништо навистина важно.

Затоа, на крајот од оваа школска година, како некој кој секојдневно живее со децата и мојот повик на учител, ако треба да имам порака за нив, таа е да бидат похрабри. Да не се плашат да работат, да сонуваат големо, да кажат што мислат и да застанат зад она во кое веруваат. Трудот секогаш остава трага, добрата мисла секогаш има тежина, а позитивната енергија секогаш наоѓа пат назад. Некој тоа го нарекува карма, некој животна правда, некој енергија на Универзумот. Важно е дека доброто што го вложуваш ретко се губи и најчесто се враќа кога најмалку очекуваш, и како штит кога ти е најпотребен, и како награда кога најмалку ја бараш.

На крајот, човекот не се мери по тоа колку удобно поминал низ животот, туку по тоа зад што застанал кога било најлесно да се премолчи. Бидејќи времето, секогаш ги раздвојува оние што само биле присутни од оние што навистина оставиле трага


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторката

Next Post

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk