ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026 11:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицискиот СДСМ преку соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека го искористил најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот.

Од партијата реагираат на илинденскиот говор на премиерот во кој тој повикал на борба против омразата, цинизмот и „талогот што ја трујат Македонија“. СДСМ прашува кој е тој „талог“, оценувајќи дека за Мицкоски тоа се сите што не мислат како него, кои ја разобличуваат неговата политика и кои бараат Европа, правда и одговорност.

СДСМ обвинува дека на денот кога треба да се слави државноста и единството, премиерот повторно сее поделба и навредува. Истовремено, опозицијата ја критикува и надворешната политика на власта, поврзувајќи ја со гостувањето на функционери од соседна Србија.

„Во исто време, додека зборува против ‘талогот’, неговата Влада ги пречекува функционерите на Вучиќ – претставници на политиката од деведесеттите, на војните и на заговарањето на етничко чистење. Луѓе што отворено зборуваат за етничко чистење и што доаѓаат како емисари на ‘српскиот свет’. Ова не е патриотизам. Ова е политичка омраза облечена во празничен говор“, стои во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“.

Од СДСМ заклучуваат дека додека премиерот дели и навредува, Македонија стои во место без реформи, без отворени кластери, во изолација и со граѓани кои со часови чекаат на границите, оценувајќи дека Мицкоски ја претворил борбата за слобода во борба против сопствениот народ.

Next Post
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk