ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ обвинува за криминална бизнис зделка без тендер, од Владата одговараат дека станува збор за кризна набавка по двојно пониска цена од пазарната, со цел да им се помогне на граѓаните. Набавката на вода за пиење за граѓаните на Гостивар предизвика нова остра пресметка меѓу СДСМ и Владата.

СДСМ: Профит на грбот на народот со директен договор за компанијата на градоначалникот на Кавадарци

Од СДСМ преку соопштение ја обвинија Владата и премиерот Мицкоски дека преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) склучиле договор во вредност од 100.000 евра за набавка на вода за пиење, и тоа со директно договарање, без јавен оглас.

Според опозицијата, постапката која ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски, резултирала со договор со компанијата „Кожувчанка“, која е во сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци.

„Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски склучила договор од 100.000 евра. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, тие тераат бизнис и профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето“, велат од СДСМ.

Влада: Дрски лаги, водата се дели бесплатно, а компанијата ја дава по 12,5 денари за шише

Владата експресно и најостро ги демантираше обвинувањата од СДСМ, нарекувајќи ги комплетно измислени дезинформации и „дрски и безобразни лаги“.

Од Владата потврдуваат дека постапката со преговарање била спроведена од СОЗР за да се обезбеди бесплатна вода за граѓаните на Гостивар додека не се потврди исправноста на водоводниот систем, како и дека договорот го добила „Кожувчанка“. Сепак, тие ја демантираат позадината на договорот, посочувајќи ја цената на набавката.

„Факт е дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба“, се вели во владината реакција.

Од Владата порачаа дека пред фактите паѓа секоја манипулација и апелираа до СДСМ „кога на ниту еден начин не помагаат, барем да престанат безобразно да лажат“.

Next Post
Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk