ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Набавка на вакцини против Ковид-19 преку повеќе инструменти

December 24, 2020 07:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лекарите, односно медицинскиот персонал, се првата категорија граѓани кои ќе ја примат вакцината против Ковид-19, во време кога таа ќе биде достапна во здравствените институции. Став на Владата е дека по нив на ред ќе бидат хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и другите на приоритетната листа.

Преговорите за директна набавка на вакцината против Ковид-19, како што истакнаа вчера од Владата, се во тек. Тие посочија дека не чекаат само на донаци, туку ги користат сите инструменти за навреме да се набават вакцините. Според најавите, досега се обезбедени вакцини за околу 400.000 граѓани кои е предвидено да пристигнат во првите месеци на 2021 година. Освен сопствениот ангажман за набавка на вакцините против коронавирусот, Северна Македонија, доби ветување од соседните држави Бугари и Грција кои се дел од ЕУ, дека ќе и бидат доделени вакцини во вид на донација. Но, не е прецизирано кога тоа ќе се случи.

Изминатиот период според дневните статистики објавени од Министерството за здравство (МЗ) може да се види намалување на бројот на новозаразени. Но, и понатаму најголемиот број на новозаразени и активни случаи е во Скопје.

Последните бројки на новозаразени и оздравени беа скоро изедначени, односно од 2510 направени тестови вчера позитивни биле 627 лица, додека во исто време како оздравени се регистрирани 644 пациенти. Од новозаболените 250 се од Скопје по што следат Куманово  со 36, Прилеп-35, Кавадарци-31, Велес и Битола по 25, Гостивар -24, Струмица -23, Тетово и Охрид по 21, Кочани 20, …. Како последица од Ковид-19 според МЗ вчера починаа 14 лица.

Фактот дека во последната недела има намалување на трендот на ново заразени пациенти од Ковид-19, вчера го потврди и директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, која истакна дека бројките објавени од Институтот за јавно здравје се совпаѓаат со дневната фреквенција на амбулантски прегледи која што за 20 до 30 отсто е намалена од предходната недела.

– Она што покажува на лесно намалување на бројките е фактот што скоро 17 посто е намален бројот на ново откриени пациенти со Ковид-19 во изминатата недела. Исто и денешните бројките зборуваат за намалување на процентот на позитивни во однос на тестираните за 25 отсто. Тоа е нешто што вистина влева надеж. Од клинички гледан аспект не може да зборуваме дека бројките на клиниката се намалени, затоа што капацитети уште се скоро исполнети, изјави Стевановиќ.

Во ковид-центрите низ Скопје, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, се хоспитализирани 476 лица сомнителни и потврдени со Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, бројката на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718./МИА/.

Next Post

Преку нов концепт до подобро образование за основците

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk