ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ за ДВ: Времето на „недопирливите“ е завршено

December 24, 2020 11:36
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Времето на „нашите“ или „вашите“ е завршено, а филтрацијата треба да препознае дали некој судија или обвинител работел во интерес на правдата или за нечиј бизнис интерес. Ова во интервју за Дојче Веле го кажа министерот за правда Бојан Маричиќ.

Според министерот токму преку процесот на филтрацијата на судството и обвинителството ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

– Важно е да се спомене дека Судскиот совет е институцијата која ќе ја спроведе филтрацијата во судството. Сведоци сме на чести одложувања на рочиштата, пред сè, на оние за висока корупција и организиран криминал, а на тоа реагира и јавноста. Целта на филтрацијата е да се направи длабинска проверка на работата на судиите од повеќе аспекти, меѓу кои и неоправдано одложување на рочиштата. Ќе се проверува и непочитувањето или прекршувањето на законските рочишта, застарување на гонење, односно извршување на санкции во кривичните предмети, како и евентуални неправилни одлуки или приговори за застареност од странките, потенцираше Маричиќ.

Министерот за Дојче Веле кажа дека проверката ќе ја прават тричлени комисии, а ќе има и критериуми во изборот на тоа кои предмети ќе бидат анализирани.

– Изборот кои предмети ќе се проверуваат ќе се прави по неколку критериуми, но и по случаен избор. Пред сè, се работи за предмети кои предизвикале интерес кај јавноста, предмети за кој има сомнеж дека не се постапувало согласно законот, предмети кои застареле или се пред застарување, стечајни предмети, предмети за кои е пропишана казна доживотен затвор и други. Сите детали во однос на оваа методологија ќе бидат објавени на специјална тематска прес-конференција, следниот вторник на 29-ти декември, кажа Маричиќ.

Во интервјуто Маричиќ потенцираше дека судиите и обвинителите ја имаат клучната улога да воспостават еднаквост пред законот, а грижа на Министерството е да обезбеди услови тој систем ќе функционира непристрасно и на ист начин за сите, без разлика на статусот во општеството или финансиската моќ.

Next Post

Заев: Црниот понеделник 24 декември, е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk